|
||
| Вардар од Македонија е шампион на Европа |
|
По победата на македонскиот шампион и втората европска титула Мицкоски на Фејсбук напиша: Вардар не направи горди, Вардар не направи среќни. Вардар од Македонија е шампион на Европа, и ваков успех Македонскиот спорт бележи ретко, и затоа радоста е уште поголема. Ова е заедничка радост, особено на секој еден вардарец кој е растен со црвено црната боја, кој живеел со сите победи и порази, со песните, воздишките и скандирањата на името ВАРДАР.А тоа е повеќе од клуб, тој е дел од срцата на многу Македонски генерации. Затоа сите граѓани кои се во можност да ги пречекаат достоинствено вистинските херои Вардаровите ракометари, да се дочекаат со љубов, со почит, со огромна поддршка. За Вардар, за шампионите кои не направија среќни и кои ја подигнаа на пиедесталот црвено црната! |