|
||
| Нација жедна за победи |
![]() Пишува: Светислав ВАСЕВНација жедна за победиВардар е европски шампион во ракомет. Повторно во Скопје оди титулата од стариот континент. Нацијата уште еднаш покажа дека знае да се радува на своите успеси. Не беше потребна политиката за да ги усреќи луѓето, потребна е само победа и демонстрација на гордост за народот да се обедини и да си го сака своето. Ќе го искористам овој радосен момент за нацијата да укажам на колективната апатија и анксиозност во општеството и како да ја трансформираме нацијата од нација која претрпе многу порази во нација со крената глава која сака и знае да победува. Победата на Вардар уште еднаш покажа дека доколку на народот му се даде причина за радост и сплотеност тој и те како знае да ја одбележи. Сите се прашуваме каде е ваквиот ентузијазам, сплотеност и енергичност кај нацијата во остатокот од времето, кај се губи овој жар? Одговорот е поприлично едноставен. – Политиката во последните две години, па може да се рече и претходно го имаше исцрпено народот, му имаше влеано чувство на страв, кој создаде една анксиозност и апатија како народот да изгубил војна. Па така без поголем отпор му се подметнуваа разни решенија, како политички, така и економски. Каде е проблемот? И како да се реши колективната апатија? Проблемот е во менталниот склоп на сегашната власт, СДСМ, како и остатокот од левичарски партии ширум светот забега на идеолошка основа, широкото толкување на либерализмот и неговото сфаќање низ призмата кој не размислува како мене, не е во право и треба да биде нападнат за неговиот светоглед се покажа како кобно. Ваквиот поглед на светот, одразен во Македонија, создаде една поделеност во државата, која како минува времето се сегрегира се повеќе и повеќе до секое поле во општеството. Во ситуација на општествена сегрегација се протуркаа безброј лоши решенија, политики, договори, како резултат на тоа народот се иселува и се смета за немоќен да смени нешто. Каде е лекот? Тој секако е само кај креаторите на општественото мнение кои мора да ги препознаат алатките на власта која и одговара состојбата на поделба и се разбира кај самите луѓе. Дека може да се излезе од колективната анксиозност и апатија покажуваат настаните како освојувањето на европската титула од страна на Вардар. Во моменти на голема радост народот се сплотува. Како што обединувањето дојде сега може да биде и ефект кој ќе се повторува циклично. Тоа го имаме кај сите горди нации, германците, французите, американците, британците, русите… Најважно е да ги кренеме очекувањата и како нација да бараме повеќе и подобро. Тоа треба да го направиме првин од дома од условите во кои работиме, услугите кои ни ги пружа државата, проектите кои ги нудат политичарите, и на крај тоа ќе се ефектуира во спортот, културата, меѓународната политика… Не постојат мали и големи нации, постојат нации кои знаат и сакаат да победуваат и нации кои се помируваат со поговорката – наведната глава сабја не ја сече. Македонската нација е горда нација и знам дека сакаме да победуваме, затоа да почнеме секој од себе, па колективно, победничкиот менталитет мора да стане наш начин на размислување. Македонија може! |