Четврток, 06 Јуни 2019    Печати
Дозволено им е на сите етникуми од Македонија и надвор да бидат навивачи на Вардар

Komiti-Severna-nikogas-Makedonija-zasekogas-1-1-702x426

“Комити” жесто возвратија на провокациите и одговорија на прашањето: ,,Кој може да навива за Вардар,а кој не?”

Да, дозволено им е на Албанците, Турците, Србите, Ромите, Бошњаците, Власите и сите останати етникуми од Македонија и надвор да бидат навивачи на Вардар.

Дозволено им е и на муслиманите кои се вљубени во нашиот Вардар, на кои во овој момент им го честитаме празникот.

Дозволено им е и на 'комуњарите', атеистите, евреите, методистите, католиците, жените, децата, богатите, сиромашните, бездомниците...
Дозволено им е и на оние кои не се помеѓу нас, отсутните, чии души и по напуштањето на телото сеуште се со Вардар до вечноста...

Дозволено им е и на оние кои мислат дека Аце бил таткоубиец, и на оние кои беа изманипулирани и излегоа да гласаат за окупација на Македонија во една лакрдија и меѓународно "Big Brother show" кое се нарече Референдум...(кој btw од легален и морален аспект беше неуспешен). Дозволено им е и на предавниците и непријателите, Вардар е голем и е општо добро на сите, Вардар е Национален Бренд кој го обедини и по втор пат овој напатен, понижен и изманипулиран народ...Да, дозволено им е на сите да бидат со Вардар и нема никаква селекција и дискриминација.

Сепак има нешто што се нарекува поредок и природна селекција, и чуден феномен се случува, видете, некако оние кои го сакаат од срце Вардар, "Аце - таткоубиецот" го нарекуваат АЛЕКСАНДАР ВЕЛИКИ - МАКЕДОНСКИ, не дека така измислуваат, туку дека така го обележала и историјата напишана од повеќе независни едни од други извори.
Дозволено им е и на бабите, не само на дедовците, но повторно не сите баби се супер бабички, и секогаш има и онакви кои не се во право, но само поради почитта кон постарите која ја имаме стекнато учејќи од домашното воспитување и улицата, премолчуваме понекогаш, не им го кршиме филмот...Тие позади себе имаат долгогодишно животно искуство кое на многу, но за жал не и на сите им дало мудрост...Мудрост да се премолчи кога зборовите се одвишни, кога навредите и обвинувањата се неосновани, кога радоста е нешто што треба да се слави наместо предрасудите и стереотипите.

Точно е ние не сме историските Комити од времето на Илинденците, ние не сме зеле оружје за да се одбраниме од непријателите и агресорите на Македонија, туку нашето оружје е токму таа мудрост која на тие многу мал процент на баби им недостига и покрај годините и искуството.
Нашето најсилно оружје е нашата луда, беспомошна и безрезервна љубов кон нашиот Вардар, кој живее во нашите срца и Македонија, која ќе живее во нашите души до вечноста. Впрочем токму тие кои беа на плоштадот Македонија ја почувствуваа таа енергија, таа возвишена љубов и поврзаност на навивачите со играчите и воопшто клубот. И токму затоа постојат исклучоци и статистички грешки, за да пронајдат нешто што било неприфатливо на Македонската Парада на гордоста на плоштадот и прославата на втората титула Шампиони на Европа. Истата таа Европа која вие ја прокламирате како вредност и идеал кон кој тежнееме, богиња пред која треба да клекнеме на колена за можеме да и припаѓаме...

Но ние не сме вазали, не сме тој тип, ние сме Комити, Комити Македонци, за Вардар навиваме, животот го даваме.
Свои на своето, прашањето е кои сте вие?
#ToWhomItMayConcern