|
||||
| На Холандија ѝ е преку глава од албанската мафија |
![]() Бомби пукаат и во Германија Дрогата го уби: „Билд“ ја урива владата на Рама, на Холандија ѝ е преку глава од албанската мафијаТемпирано е текстот на Билд да бидеј објавен пред два настани важни за ЕУ, регионот и Албанија: локалните избори и одлуката на Германија за датум за преговори за Албанија и Македонија Албанија е европската база за наркотици и пари стекнати со трговијата со дрога владеат со таа земја, оценува германскиот дневен весник Билд. Билд се повикува на аудиоснимки на кои мафијата врбува гласачи да гласаат за партијата на албанскиот премиер Еди Рама. Укажувајќи дека Германија го поддржува почетокот на пристапните преговори на ЕУ со Албанија и го потврдува големиот напредок во демократизацијата, весникот наведува дека реалната состојба е дека земјата лизга во сѐ подлабок хаос и дека се наоѓа на крстопат меѓу демократските односи или конечно претворање во мафијашка држава. Албанија, се наоѓа во длабока криза по повеќенеделните масовни протести, корупција во раководството на полицијата, заминувањето на полицајци и обвинители од земјата. Една од причините за големите протести во Албанија е тоа што владата масовно купувала гласови, и тоа со помош од наркомафијата, која владее со земјата, пишува германскиот весник. Високотиражниот весник истакнува дека од доаѓањето на Рама на власт одгледувањето марихуана е проширено на целата земја, и дека, покрај шверцот на наркотици, претставува најважна стопанска гранка на Албанија. Билд објави дека поседува аудиоснимки од телефонски разговори кои докажуваат дека пред парламентарните избори во 2017 година познат наркобос купувал гласови за владејачката Социјалистичка партија. |






















