Вторник, 11 Јуни 2019    Печати
ПИМЕН: Наречете ме хомофоб, ама ја претеравте!

PIMEN

ПИМЕН: Наречете ме хомофоб, ама ја претеравте!

Владиката Пимен, остро реагираше на настанот на кој ЛГБТ заедницата синоќа се исмеваше со верските чувства на Христијаните. Еве го неговиот Фејсбук коментар:

Ќе кажам дека ја претерале, дека ни ги повредуваат чувствата христијански и веројатно ќе бидам искритикуван од истите дека сум конзервативен хомофоб.
И ќе сум се додека во име на вашите слободи на сексуална определба мислите дека мнозинството треба се да трпи, да ви простува и дозволува.
Гордејте се бре луѓе по парадите ако сакате. Верувајте си дека има на што да сте горди, ама малку и осет имајте.
Верувам дека осудување на овој чин ќе има и во самата ЛГБТ заедница, бидејќи познавам многумина од нив и никој од нив не спомнал дека мора да го исмева христијанството за да биде респектиран член на истата заедница.

За илустрација еве до кај им оди слободата.

alt