Среда, 17 Јули 2019    Печати
Хубави или Љубави

3602f687-ba9a-4efe-b1d8-3254764389a8

Хубави или Љубави

...многу ни е Добре! Чуваш ли наште писма? Чакам те сас бујна страст! Горешто и разно-разни временски неповрзани, а и дипломатски исто изјави!

Ако Вавилонската секогаш била обљубувачката на Балканите, т.е. на Македонскиот, а не е остров, тогаш се наметнува прашањето за егзистенцијализмот и лажните комисии, лажните пророци, лажните профили, се лажно, како и надворешниот опус кој се наметна на највисоко ниво!? Комуникација а ла кооперација? Или? Пасивноста на едно општество, на една група, на Човекот поединечно не го прави доволно човек а обичен катализатор, восприемач, препраќач, обичен канал…канализација?! И после зошто сите фекалии врз Народецов ни напатен? Па, зар се изборивме за нешто?

Зар интелектуалата покажа интелект? Правниците право? Економистите стабилност и економија? Што всушност барате а неми и глуви и орле-зорле глупи? Седмица на лото ли? Подарок од богата тетка, тестамент? Влез во ЕУ без залагања, работа, економија и посветеност? Предај-продај на тезгето робата и одма си богат? Не бива така браќа и сестри, не! Индиферентната природа на луѓето во спектарот на надворешни соработници и неми набљудувачи не донесе нас, Народецов до ова ниво на колекционери на дневни вести од трета, петта класа и фискални сметки со поврат од xxx! Па Бога ми еден и единствен, повеќе и не заслужил Народ кој се крие!? Друг борбата нема да ви ја води! Борба со перото, со професијата, со дипломатијата, со меѓучовечките односи, комуникација, економија, дисциплинирана работа и… …и се останото што не го тангира и рангира политичарот.

Од детството па се до денес, постојано нешто собира а ништо продуктивно…сто илјади пати помножено со нула е…довчерашни барјаковеачи и автобусоуживатели, стари јаки тврдокорни а и новокомпонирани, сега вртат марихуана на ангро во локалните шпионски претставништа!? А бре ми се гади од Вас! Овие другиве бар имаат доблест да се изјаснат кои се, јавно да кажат!Какво идеализирано општество, какви бакрачи? Па вие шлајфате у место триесет години, вие г-да сте вечни владетели, вечни улизици и хемороиди во шупакот де на овие де на оние, неважно!Вие сте онака, воопштено најниското кај човековиот род, вие сте Алфа и Омега на локалните одлуки, вие сте ,,столбот” на секој колектив, вие сте алката која ги поврзува двата света… без вас би биле одделени со кантони и со утопија!? Жртвувате шестки за да спасите криминали!? Рекетари ни се државорци?!Вака ли реформи во правната држава?А сонот на Македонецот? Сонот, имагинарното како дете ми беа сенка на ѕидот а сега не се ни суета.

Кантонот на баба ми, паметам како дете беше втор дом или прв за првоборец награда, а за жената само обврска да раѓа повеќе деца. А сега ниту деца раѓате а родените ги бркате од огништата си! Имаше на времето еден вицкаст, тој мајстор ќе правел каде нема, ама сега и него го нема во етерот чунки етер без тапа, испари и само течност, потече де! Гаф до гаф, без и еден штраф во механизмот, а боли во гради како прединфарктна состојба и пече во очи од машките солзи на најкаде.До овде ли било ,,територија”? Илјадници години без држава Народ бевме, а сега за кусур и пол време станавме ,,држава” без Народ?! Оти Народот ест Јазикот! Народот ест Знамето! Народот ест Грбот избоден! Народот ест идентитетот и сонот недосонуван! Џабе уметност кога немате усул, џабе усул кога немате Содржина…се џабе саде суровина од лажна Форма!

Кого лажете? Кого лажеме? Дали се лажеме? Доста веќе!? Бидете Човеци и водете човечка политика! Народот е мојот лајт-мотив! Тој кажува и Бог! А главниот фраер не трпи нечовечки ср.ња!? Ве поздрави авторот од првите редови!

Бог со нас! Бог со Р.Македонија!

Гоце Марков-колумнист, Човек и Македонец