Сабота, 20 Јули 2019    Печати
Ало, 'рѓо една муртинска! Несреќо една македонска!
altРоберт Милески

Бизнисменот и активист Роберт Милески преку својот Фејсбук профил прашува како е можно премиерот да кажува кој ќе го води обвинителството?

Како може бе премиер да кажува кој ќе води обвинителство! Ало, 'рѓо една муртинска! Несреќо една македонска! Ослободете го правосудството од вашите партиско-извршни канџи! Шеф на обвинителство треба да се избира на интерен конкурс на обвинителството, а за шефот може да гласаат сите обвинители низ Македонија, па кој е најдобар нека победи! Кој си ти бе несреќо една да кажуваш кој е најкомпетентен да води обвинителство! Срамото една!

Со самото тоа што некое име на обвинител е изговорено од твојата погано-предавничка уста, тој/таа без разлика колку е компетентен, можеби најдобар, веднаш е компромитиран! Јас никогаш не би прифатил шеф на Влада да ме именува на таква позиција, не дај боже па ти лично! Цело време ќе ме обвинуваат за подаништво, а единствен начин да се ослободам од таков товар би било да издадам наредба за твое апсење за доведување на државата во потчинетост спрема друга држава, како и рекет врз пратеници и обид за поткуп за време на референдумот!

п.с.. Ништо чудно лажовов муртински намерно да ја спомнува Русковска за да ја компромитира, бидејќи им отвори истрага за Катица и компанија и им го одмота клопчето. Ај ти, паметен е тој за вакви интриги.