|
||
| Ајде да видиме кој краде чија историја? |
|
Хомеровиот јазик отсликан во македонскиот, наспроти грчкиот кој (ќе се изразам колоквијално) нема никаква врска, барем не во „Илијадата“ и „Одисејата“. Некој генијалец ја изработил оваа табела и, иако можеби има некакви мали грешкички од за овој пост небитна природа, приложената зборовна анализа ја покажува суштината: КОРЕНОТ НА СИТЕ ОВИЕ ЗБОРОВИ Е ПРЕПОЗНАТЛИВ ВО МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК кој и денес го говориме. ,,Илијадата" и ,,Одисејата" си биле напишани на древен македонски јазик, бригиски, според некои истражувачи, препознатлив околу 80% и во јазикот кој и ден денешен го говориме. Останатите 20% се данајските милениумски кражби на делото, почнувајќи со грчкиот тиран Писистрат во 6 век п.н.е.кој бил првиот кој го архивирал епот. Јазикот му бил тотално непознат и ги повикал најучените луѓе да го дешифрираат и преработат делото со грчка транскрипција. Не е тешко да се претпостави дека, со текот на времето, во секое ново издание биле уфрлувани грчки зборови и се спроведувало грцифизирање на македонскиот јазик на пример со додавање на суфиксот „ос“на крајот од зборовите. Меѓутоа коренот на зборовите си е македонски. Затоа Грците ја избегнуваат етимологијата како научна дисциплина. Кога не ја избегнуваат, паѓам од смеење на очајните обиди насила да најдат грчки корен во зборови каде што истиот го нема. ![]() |