|
||||
| Христијан Мицкоски-во Будимпешта остваривме средба со Премиерот на Република Унгарија Orbán Viktor |
![]() ФБ објава на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски Денес заедно со потпретседателот Aleksandar Nikoloski во Будимпешта остваривме средба со Премиерот на Република Унгарија Orbán Viktor. На средбата разговаравме за актуелната политичка и економска состојба во земјава, главните предизвици со кои таа се соочува, за стратешките интереси и перспективи на Република Македонија како и прашања поврзани за меѓусебна соработка на партиско ниво меѓу нашите партии во рамките на Европската Народна Партија. Посочив дека за ВМРО-ДПМНЕ исклучиво важни се европските перспективи на Република Македонија кои се загрозени од неодговорната Влада на Заев. И покрај отсуството на реформи, и сериозните индиции за криминално работење на владата кое допрва треба да се преиспита, сметам дека е потребно земјава да добие датум за преговори поради фактот што граѓаните не смеат да бидат заложник на неспособноста на Владата како и поради потребата да се воспостави уште еден контролен механизам врз владата преку поблиско мониторирање на нејзината работа од страна на европските институции. Недостатокот на владеење на правото го следат и лоши економски резултати. Наспроти нереалните фалби на Владата и премиерот, граѓаните не живеат подобро, а сиромаштијата и иселувањето стануваат акутни проблеми. Средбата со премиерот Орбан, која беше на државно ниво и со официјален пречек, се случи во неговата официјална резиденција во замокот "Кармелита" каде инаку унгарскиот премиер остварува редовни средби со Премиери, Претседатели и други високи гости. ![]() Â
![]() |
























