|
||
| Филипче смета дека само партиските истомисленици се негов таргет |
|
Прес на Лоран Страшески-Претседател на ОК Гостивар Здравството и здравствениот систем во Гостивар е на многу ниско ниво. И покрај предизборните ветувања на Владата дека главен акцент ќе се стави на подобрување на условите за лекување на пациентите, набавка на нова апаратура, покачување на платите на специјалистите, капитација на лекарите; пациентите се соочуваат со недостик на специјалисти, здравствен персонал, услови за нормално лекување. Градот секојдневно се соочува со заминување на медицинскиот кадар, кој својата подобра егзистенција си ја бара во Европските земји. Така, за неколку години, Гостивар ќе остане без специјалисти во скоро сите области. И ако главна парола на оваа власт беше да ги вратиме младите од странство, сега немо гледаат како секојдневно ни се празни градот, но и државата. Преку медиумите дознавме дека вчера министерот за здравство, Венко Филипче, го посетил нашиот град, со цел, цитирам: „Преку комуникација и интензивно присуство на терен, отворени сме кон граѓаните во решавање на нивните проблеми. Активно работиме, ги слушаме потребите на граѓаните и ги исполнуваме дадените ветувања. Работно лето и средби со граѓаните во Гостивар“. И сето ова постирано на неговиот фејсбук профил, со слики од партискиот штаб на СДС Гостивар. Прашувам, кои места ги посети Министерот, со кои граѓани разговараше? Очигледно Филипче смета дека само партиските истомисленици се негов таргет за посета и разговор, па затоа повеќе од сигурен сум дека не слушнал како медицинскиот персонал со срамење им кажува на пациентите, дека сами треба да си купат основни работи, бидејќи болницата е во дефицит, дека Брзата помош располага само со две возила, дека нема никаква едукација на докторите во високостручни центри, а за покачување на платите, не станува ни збор. Се што стои во предизборната програма е лага. Тука се вели: на матичните доктори и стоматолозите ќе им се покачи капитациониот бод – ништо од тоа; набавка на нови софистицирани медицински апатарти – лага; бесплатно лекување – пациентите купуваат сами неопходни лекарства; изградба на нов Клинички центар, Детска болница со Ургентен, стоматолошки амбуланти во училиштата – и се е осанато на хартија. Реализација од ветеното е нула. Затоа господин Министер, кога ќе ги посетувате населените места, поразговарајте со граѓаните, тие ќе ви ја кажат фактичката состојба, посетете ги болниците, видете ги условите за работа и лекување, само така ќе видите дека „Зборот не ви е збор“. |