|
||
| Делегација предводена од Мицкоски утре на одбележување на Илинден во Ташмаруниште |
![]() Делегација предводена од Мицкоски утре на одбележување на Илинден во Ташмаруниште
Делегација предводена од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски утре ќе присуствува на одбележување на празникот 2-ри Август, Илинден во село Ташмаруниште, Струга. Во 10:40 часот ќе биде пристигнувањето во село Ташмаруниште, при што ќе положи свежо цвеќе на спомен обележјето на Двата Илиндена. Притоа ќе ја посети и црквата Св. Архангел Михаил. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ќе има свое обраќање. |