Гледаат дека новото раководство на ВМРО-ДПМНЕ ја консолидираше партијата и членството, и им текнало на некои да креираат страна на facebook "Никола засекогаш претседател"..
Со ова директно се обидуваат да го поделат партиското ткиво и тоа кој: оние кои на Груевски му посакуваа се најлошо а верувам дека најтешко му е на тој член на СДСМ што има задача да ги пишува тие "вмровски" статуси давајќи поддршка за Груевски.
Ја користам оваа прилика јавно да укажам и повикам секој што ја има лајкнато страната да ја напушти и истата да ја пријави за лажна.
Таа страна има за цел да создаде вештачка поделба во партијата и истата е директно контролирана од СДСМ.
ВМРО-ДПМНЕ на конгрес во Валандово по оставката на Никола Груевски за претседател го избра Христијан Мицкоски и тој ја заслужува нашата поддршка и доверба во оваа битка против ненародната власт на Зоран Заев. И на крај повторно повикувам секој да ја напушти и пријави страната за лажна!
|