Понеделник, 02 Септември 2019    Печати
Бомба пукна во рацете на Заев

Бомба пукна во рацете на Заев

 пишува: Светислав ВАСЕВ
Бомба пукна во рацете на Заев 

Криминалот, корупцијата и незаконието напласнаа и му испукаа во раце на Заев. Кутриот премногу чекаше, ја држеше во раце и не ја фрли на време бомбата. Од страв да не пропеат за него, да не проголта премногу луѓе од власта или можеби да ја сведе работата на онаа ,, јас не сум знајал” остана целиот во чад.

Џабе се последните естетски корекции во владата. Ништо повеќе не ги спасува, ниту Скопје не го враќаат, целта поради која и ги направија владините измени, ниту младите ќе им веруваат.

Младите луѓе кои влегоа само ќе бидат приморани да потпишуваат нечии желби. Нина Ангеловска може да посакува нешто да подобро, но реално таа ќе треба да потпише над 270 милиони евра задолжување до крајот на годината, како и да стави свој потпис на веќе најавениот ребалнс, со кој ќе скрати средства од ставката предвидена за капитални инвестиции и ќе пренамени за непродуктивни трошења. Се со цел купување на гласови пред избори. Но џабе е се. Ниту народот ќе придобијат, ниту нешто позитивно ќе направат.

Аферата Рекет дефинитивно е крај за СДСМ. Сега партијата е како снежна топка по удолница. Проблемите се сѐ поголеми, а решенија нема, прашање е само кога ќе се распрсне на сто страни.

А тоа веќе го зборуваат и на Бихаќка. Видни активисти свесни за се поочигледниот пораз, зборуваат дека ВМРО доаѓа. Дека нивната роља е завршена, и дека само гледаат да го истераат цел мандат.

Го знаат нивните членови. Го знае и Заев. Токму затоа и стега заби и вика нема предвремени, знае човекот ако распише сега, не се знае кога повторно СДСМ ќе дојде на власт, а по вакви скандали во догледно време сигурно не.

Тука имам една порака до сите кои во изминатиов период беа осилени од моменталната власт која ја имаа. Знаете дека Заев власта нема да ја има уште долго. Во периодот кој следи не подлегнувајте на заканите и притисоците, како и на нечии желби за брз профит. Доаѓа време кога правната држава ќе профункционира, тогаш секој ќе треба да се носи со својот товар. Тогаш ќе ве заборават и остават. Затоа постапувајте исклучиво согласно закон, доаѓа време кога тоа ќе биде единствено исправно.