|
||
| Никола Груевски: Ќе имаме своја држава- Македонија |
Никола ГруевскиБев студент и само што бев наполнил 21 година. Вечерта на 8 септември кога дојдов на плоштадот, тој беше веќе полн и во исчекување на резултатите од гласањето на референдумот. Додека стоевме и чекавме објавување на резултатите се сеќавам дека искоментирав дека всушност денес правиме држава.
Ќе имаме своја држава- Македонија, гордо додадов. Всушност формално правно ние имавме држава уште од 2 август 1944 година и ние тој ден на 8 ми септември 1991 година, само прогласивме независност. Но тоа “дејуре” создадено со многу крв и жртви на 2 август 1944 година, всушност многу ни помогна на 8 септември 1991 година, при првата историска шанса, без човечки жртви, со една храбра влада и парламент, храбра партија ВМРО-ДПМНЕ и одлучна генерација Македонци и граѓани на Македонија да стане освен “дејуре” и “дефакто”- независна и суверена држава. Во последните неколку години, ова “дефакто” пак е некако доведено под прашање, ослабнато, бледо, млитаво и прилично пропаднато. Не е како во Југославија, ама и не е како што личи на една вистински независна, но и суверена во носење на одлуките држава. Повторно чекаме некој друг да ни одобри за се и сешто, да ни каже како, кога и слично. Разбирам дека само неколку земји во светот заради својата воена и финасиска сила, како и геостратешка доминантност имаат целосна и полна сувереност, додека останатите мораат да прават одредени компромиси, некој повеќе, некој помалку. Компромиси сме правеле и ние и пред нас, ќе прават и следните генерации. Но тоа има некои граници кои кај нас во Македонија повторно некако во овие речиси две и пол години, како веќе да ги нема. Земјите членки на ЕУ кои иако дел од суверенитетот дури и формално го пренеле во Брисел, дури и оние помалите и економски и воено послабите, имаат далеку поголема “дефакто” држава во смисла на далеку поголема независност и сувереност споредено со Македонија, вистински “свои на своето”. И не се такви откако влегле во ЕУ, туку и претходно. Десет месеци живеам во земја членка на ЕУ и НАТО далеку понезависна и посуверена во носењето на одлуките на политичарите избрани од народот, од она што е Македонија во денешно време со оваа влада. Од каде произлегува таа потреба за се и сешто од некого да бараме одобрение или тој да ни ја донесе одлуката за нешто што на почеток и тој неочекува и е изненаден што му се обраќаме, но подоцна се навикнува па се лути ако биде прескокнат. Не е вината кај нив. Кај нас е. Не можам да поверувам дека фактот што со векови некој друг владеел со нашите предци и до 1991 година и со нас, станало дел од “генетскиот код” кој го потиснува чувството на независност и сувереност дури и кога ја имаш во “сопствените раце”. Нека ни е честит 8 ми септември, Денот на независноста! Нека е вечен празникот и нека е вечна Македонија! Да бидеме суверенисти! Да живее независна и суверена Македонија! https://www.youtube.com/watch?v=2mcStuhexkw П.С. НЕОБЈАВЕН АРХИВСКИ ДОКУМЕНТ поврзан со македонската историја Текстот подолу е документ кој е изваден од отворените за јавноста архиви во Република Бугарија од страна на Македонски историчари и е преведен на македонски јазик. Никогаш досега не е објавен, барем не во Македонија. 1.Креатор на документот и период на негово создавање Овој документ е создаден од поединци во службата за државна безбедност на Бугарија неколку години по расформирањето на ВМРО на Иван Михајлов во мај 1934 година и само неколку години пред почетокот на втората светска војна. До 1934 год. ВМРО на Иван Михајлов освен огромниот број внатрешни пресметки, врши атентати главно врз српските политички и воено безбедносни структури и како водството така и пониските структури главно живеат и се стационирани на територијата на Бугарија, главно во Пиринска Македонија во Петричкиот крај каде се недостапни за Србија и Грција. Тие го имаат напуштено четничкиот начин на револуционерна борба, со организирани чети од времето на Тодор Александров, кои влегуваат на територијата на Србија и Грција, вршат револуционерни активности и потоа се засолнуваат главно во пиринска Македонија. Со доаѓањето на Михајлов се применува главно принципот на вршење атентати. 2.Политичко-безбедносни околности пред и кога е создаден документот Тоа е време кога Бугарија меѓународно политички и севкупно е слаба, со слаби позиции, како резултат на поразот во првата светска војна. Принудена да биде во пријателски односи со Кралска Југославија која е дел од коалицијата на победниците во првата светска војна. Во време на создавање на овој документ Бугарија веќе има склучено пакт за пријателство со Југославија и владата на Бугарија се труди да го почитува тој пакт. Бугарија и тогаш како и денес Македонците ги смета за Бугари, но воопшто не е комотна во тој дел. Кога би била комотна не би и паднала напамет идеја за ваква операција која е опишана во документот. Во воведот на документот наведувајќи ги како докази претпоставките за предлогот на иницијаторите наведува: “в.Македонската емиграција во Бугарија, Европа или Америка со неизгаснатиот стремеж да ја помогне морално и материјално таа борба, готова за таа цел да се поведе борба не само со комунистите, но и со ѓаволот, штом условите не и дозволуваат на друг начин да ја изрази својата преданост кон родината.” Ова е време кога под југословенски притисок Бугарија веќе ја има уништено ВМРО по превратот(воениот удар) во Бугарија на 19 мај 1934 година. Весниците од тоа време коментираат дека оваа организација, според истата запленета архива, се спремала да биде во состојба да се бори со бугарската полиција и војска, во случај да било која бугарска влада превземе акција за разоружување. ...Постоењето на една сила против која ниту една бугарска влада не смеела да ја крене раката, не` доведе да гледаме спроведување во бугарската држава на казнени акции и експедиции, организацијата да киднапира луѓе од рацете на военото правосудство и да ги казнува, да врши инквизиција над офицерите на бугарската војска (срамната сариска афера), да се одвлекуваат луѓе од Софија и да се убиваат без суд и пресуда од државните бугарски државни власти, да се водат борби пред самиот двор“(затворен цитат). Тоа е и еден од главните фактори за сменување на владата на Народниот блок со воен удар од офицерите припадници на групата „Звено", на чело со генералот Дамјан Велчев. 3.Период кога е создаден документот Точниот датум на подготовка на документот не е познат, но според содржината веројатно е во периодот некаде помеѓу 1938 -1940 година, во предвечерјето на втората светска војна. 4.Состојби во редовите на преживеаните остатоци на ВМРО во време на креирање на документот Повеќето славни водачи на ВМРО веќе се одамна убиени, тргнувајќи од Тодор Александров (1924), Александар Протогеров(1928) и повеќето нивни најистакнати приврзаници. Убиени се многу и од луѓето на Ванчо Михајлов. Поранешниот водач на ВМРО-Ванчо Михајлов ноќта помеѓу 9 и 10 септември 1934 нелегално ја преминува границата со Турција и заминува во егзил во таа земја, каде на 9 Октомври го затекнува новината за Марсејскиот атентат на Југословенскиот крал, последната голема акција на ВМРО. Во почетокот на 1938 година турските власти разоткриваат заговор за убиство на Михајлов организиран од Југословенската влада по што министерот за внатрешни работи на Турција настојува пред бугарските власти тој да биде амнестиран или барем да му помогне во заминувањето во Соединетите држави, но бугарската влада одбива да го реши случајот. По околу 4 години престој во Турција, во септември 1938 година, заминува за Полска, а по престојот во Берлин, од пролетта 1940 до мај 1941 година живее во Будимпешта, Унгарија, каде тој ја разгледува можноста со германски и со италијански претставници за формирање македонска држава во нејзините етнички граници. Од таму заминува за Хрватска каде е во периодот на втората светска војна каде на власт е Анте Павелич со кого и со Хасан беј Приштина уште 8 години претходно на 14 април 1933 година изработуваат проект за сојуз помеѓу ВМРО, хрватските усташи и косовскиот комитет за заедничка акција против Југославија. Тој во овој период кога е создаден документот нема значајно политичко влијание (освен во дијаспората во САД и Канада), но неговите приврзаници - “михајловистите” живеат иако политички не многу активни главно во Бугарија. Нивното ривалство со “протогеровистите” и огромниот број меѓусебни убиства и ликвидации сеуште се свежи и нетрпеливоста помеѓу поранешните припадници на едните и другите е жива. Сепак, тоа е период кога зајакнува и сеуште е живо левичарското ВМРО, поточно ВМРО(обединета). Во тоа време со голема подршка на СССР расте популарноста на комунистичкото движење и идеологија во Европа, а истовремено и стравот од него во земјите каде веќе има активни комунистички партии, вклучувајќи ја и Бугарија. Водачите на ВМРО (обединета) по левичарска линија се во дослух со СССР и тоа ја загрижува Бугарија. Коминтерната (асоцијација на комунистичките партии во светот во која водечка улога имаат советите) меѓу другото веќе се има произнесено дека таму каде ќе дојдат комунистичките партии на власт ќе се овозможи самоопределување со можност за отцепување на малите народи, во што голем број Македонци гледаат историска шанса и меѓудругото затоа масовно ги подржуваат комунистите. Остатоците од десницата на ВМРО се идеолошки главно антикомунистички настроени како и сите нивни претходни водачи, со по некој исклучок како членот на ЦК на ВМРО Петар Чаулев на пример, кој бил советски соработник, но и тој во ова време е веќе одамна меѓу ликвидираните во меѓусебните пресметки. 5.Целте заради која се креирал документот од структури на државната безбедност на Бугарија? Целта на овој документ е одредени структури во државната безбедност на Бугарија да обезбедат подршка од повисоките политички структури за еден вид возобновување на ВМРО но под стопроцентна контрола на службата за државна безбедност и исклучиво во правец на целите на Бугарија. Тие ценат дека постои почва меѓу народот за тоа и подобро е тој процес да е под нивна контрола и од нив менаџиран одколку некои други држави кои не се среќни со пактот меѓу Југославија и Бугарија да се инволвираат за да имаат влијание. Имајќи ја во обзир слабата позиција на Бугарија, нивната намера не е ВМРО повторно да започне револуционерна дејност за ослободување на Македонија, туку да се искористи брендот и дел од остатоците на преживеаните од десница на ВМРО да се искористат за пропагандни цели од интерес на Бугарија. Нивната активност се предвидува да е насочена главно кај Македонската емиграција во Европа и Америка, вклучувајќи ги и активностите за намалување на влијанието на ВМРО (Об). Исто така во документот се предвидува возобновената структура на ВМРО да делува и на териториите на трите Македонии во трите држави: Бугарија, Југославија и Грција. Најважно од се на креаторите на документот им е се да е тајно а особено било каква поврзаност со Бугарија со возобновениот ВМРО, што повторно сериозно би ја ставило Бугарија во тешка ситуација наспроти Југославија. Практично тие во документот предвидуваат само новиот водач на ВМРО да има контакт со преставник на тричлено тело на бугарската служба за државна безбедност и со никој друг од владата. 6. Зошто е значаен овој текст? Од текстот може да се види односот на Бугарија кон ВМРО, макар и кон десницата која главно живее во Бугарија. Тие подвлекуваат дека “михајловистите” се не единствени и дека дел од нив сеуште стојат на становиште за независна македонска држава наместо присоединување кон Бугарија: ”Малцинството од постојните водачи изјавуваат дека се таму каде што беа пред 19 мај и значи ништо ново не научиле и ништо старо не заборавиле”. Уште повеќе со критики се кон неформалните водачи на протогеровистите. Следува целиот преведен на македонски јазик документ изваден од бугарските архиви. ДРЖАВАТА И МАКЕДОНСКОТО ОСЛОБОДИТЕЛНО ДВИЖЕЊЕ Да го докажуваме постоењето на македонското ослободително движење и по 19 мај, сметаме дека е излишно. Сите докази за тоа се на очиглед:
Со други зборови: додека има поробени Бугари во Македонија и постои Бугарија, сврзана не само историски и духовно со нив, но и крвно во лицето на петстотиниилјадната емиграција и 6 милиони бугарски народ; додека македонското прашање стои на онаа висина предодредена од Берлинскиот конгрес, по силата на којашто тоа неможе да се смета само за бугарско, но и за балканско, европско прашање- до тогаш ќе постои и борбата за ослободувањето на Македонија. Ќе ја одречеме ли или просто ќе ја занемариме-со тоа апсолутно нема да ја отстраниме, а уште помалку ќе ја направиме безвредна за себе си. Да постои или не македонското ослободително движење независно од бугарската држава? Од бугарската држава зависи наполно, да го канализира и претвори во потпора на државната и усогласена со националните интереси надворешна и внатрешна политика на Бугарија, за да го спаси за своја полза од партиските посегања и „пријателските„ грижи на туѓите држави. Нема зошто да поцртуваме дека националните идеали ја создадоа, засцврстија и развија бугарската држава и дека тие додека не бидат остварени целосно, ќе останат најмоќниот нејзин инструмент за државна и национална самозаштита, творештво и единство. И затоа пред државата се поставуваат две прашања: 1. Да го остави движењето да се развива на своја глава, пробивајќи си пат со најразорувачки средства од природа да доведат до конфликт и взаемно уништување на нејзините и тие на националните идеали, интереси или 2. Да установи помеѓу себе си како врховна заштитничка на сите Бугари (слободни и поробени) и тоа движење како основна сила на постоечките национални идеали, однос на взаемно, хармонично и разумно разбирање и потчинување поставено по содржина во зависност од конкретното дејствување. Тоа прашање како и прашањето воопшто за односите помеѓу македонското движење и државата, поттикнува едно трето прашање од поконкретен карактер, а имено: како да го канализираме тоа движење без да ја одречеме неговата суштина, но и без да ги нарушиме интересите на бугарската држава, во случајот бугарско-југословенското зближување или каков и да е друг чекор на државата направен за доброто на Бугарија и сите Бугари? ВМРО. Моментално, таа организација уште ги преживува раните од меѓусебните пресметки кои се појавиле со убиството на Протогеров во 1928 година. Во неа уште се оцртуваат два непријателски настроени табори: михајловисти и протогеровисти, од средината на коишто, особено по 19 мај како резултат на прегрупирање и во духот на новото време се создаде една трета привремена група која што за прегледност ќе ја наречеме идејна, со тенденција да ги проголта. Што претставуваат од себе си тие три формации? На прво место по својата сила и значење доаѓаат Михајловистите. Теоретски тие не се против присоединивањето на Македонија кон Бугарија, но од причини истакнувани и друг пат од нас се придржуваат до лозунгот „слободна и независна Македонија„. Практично, меѓутоа, михајловистите не се единствени. Малцинството од постојните водачи изјавуваат дека се таму каде што беа пред 19 мај и значи ништо ново не научиле и ништо старо не заборавиле. На тоа се спротивставуваат поголем дел од приврзаниците на Иван Михајлов, вклучително и довчерашните терористи коишто одат дури дотаму што им ги одречуваат на горните лица квалитетите на водачи и сфатиле дека треба да се прекине со минатото и да се тргне по нов пат. Тоа ни покажува слободен пат дека ВМРО никогаш не страдала од недостатокот на чесни и предани на каузата и Бугарија револуционерни кадри, но од недостатокот на способни, далекувидни и морално издигнати водачи коишто ја разбираат неопходноста на дејствување и најважното: да знаат кога треба да отстапат од челните места каде што веќе се покажуваат за непогодни. Со закани и инает, може да се гради историја, но не и светла утрешнина за нацијата. На второ место, но не по сила и значење, а по востановениот ред од нас погоре, доаѓаат протогеровистите. Теоретски, тие се за сите револуционерни лозунга, независно од нивната содржина (Интегрална Југославија, единствен фронт со комунистите и др.) штом се потплатени со злато, било од Москва, било од Белград. Практично пак се покажуваат податливи кон предавства (ги имаме во предвид нивните водачи) и шпионажа. Нема да ги цитираме имињата на некои од нив коишто дејствително се наоѓаат во српска служба, ниту пак имињата на оние коишто се готови во секој момент да ја префрлат границата и да се стават на услуга на српската државна политика. Во своето мнозинство, меѓутоа, протогеровистите се чисти од секое сомневање за преданост кон делото на Македонија и како и поголемата маса од михајловистите (без визираните водачи), а исто така и најактивните околу весникот „Македонски глас„ претставуваат великолепен материјал за обнова на движењето во духот на новото време. Тој материјал, имено е, основната база на третата група (идејна), чиишто водачи немаат ништо заедничко со довчерашното минато, ги имаат симпатиите на масите и ги имаат сите карактеристики и возможност, не само да ја корегираат десницата во македонското ослободително движење и ја постават во услуга на државата и националните идеали, но и најважното, можат најдобро да се спротивстават на левицата (ВМРО обединета, комунистите) и да ја поразат. ДРЖАВАТА И ВМРО/МАКЕДОНСКОТО ОСЛОБОДИТЕЛНО ДВИЖЕЊЕ. Дејноста на ВМРО треба да биде строго конспиративна и по содржина таква, што во никој случај да не го нарушува престижот и интересите на бугарската држава, како во областа на нејзината внатрешна, така и во областа на надворешната политика. Затоа е неопходно: 2. Службата да има за раководител специјалист по националните прашања и по возможност незаменлив човек којшто ќе биде врската помеѓу државата и водачот на ВМРО со којшто претходно ќе бидат дискутирани сите потфати од национален карактер. 3. Да не се дозволува никаков директен контакт помеѓу државата во лицето на било кои други органи (влади, министри и министерства и др.) со кој и да е институт, група или лице во ВМРО или со водачот на последната, затоа што секоја таква средба се покажувала фатална: се вознемирува движењето, се создаваат разногласија и најважното- секогаш станувала домен на туѓа шпионажа. Или со други зборови: ВМРО- тоа е водачот којшто ја раководи; државата- тоа е раководителот на тајната служба по националните прашања. Секој друг контакт, денес би се покажал погубен. 4. Државата да установи своја „генерална„ линија по националните прашања, респективно и македонското ослободително движење, спроведувана последователно од посочената служба која што да не зависи од промената на режимите и владите и во основа на која да легнат следните принципи: КОНКРЕТЕН ПЛАН ЗА ВМРО. 2. Центарот во прво време создава нелегален апарат од кој се избира соодветен задграничен претставник со местожителство во Европа. Задграничниот претставник создава од своја страна центар во Македонија под грчка власт, Македонија под српска власт и Америка. Во последната има таков, меѓутоа не е праволиниски и ќе треба да се школува и да се подготви идеолошки. 3. Задграничниот претставник е врската помеѓу одделните центри, коишто дејствуваат секој во својата област независно и така ги разоружуваат претходно нападите за вмешување и учество на бугарската држава во македонското движење. 4. Државата во лицето на шефот на службата по националните прашања ќе контактира со задграничниот претставник преку водачот на ВМРО. 5. Една од првите задачи на ВМРО ќе биде да зачува целосна тајна за своето постоење и што се однесува за Бугарија никогаш со ништо (окружни, декларации, празни зборови) да не се издаде дека постои. Никој исто така да не дознае кои влегуваат во центарот. Целосна конспирација без паради, печати и др. 6. Втората директна задача е да се престане со непријателствата во ВМРО: да нема михајловисти, да нема протогеровисти и разни други „исти„, а само верни синови на Македонија. Во тој однос ќе се сретнат најголеми пречки од страна на поранешните водачи на михајловистите коишто уште неможат да разберат дека поради многу престапи и грешки вршени од нив во минатото не се соодветни за моментот. Идејната група, меѓутоа дејствува во тој однос и каде со разбирање, каде со изолација, верува дека ќе ги стави на местото, уште повеќе затоа што се одречени во своите сопствени средини. 1. ЗА БУГАРИЈА. Борба за отргнување на емиграцијата од ноктите на ВМРО (обединета), но не по пат на тероризам, но со идеолошко и морално дејствување врз масите, за која што цел, наши луѓе се одлично подготвени. (Некои дури поминали преку школата на црвените и ги поседуваат знаењата за сите потфати на борба.) Обединувањето на емиграцијата и всадувањето на сознание за жртви пред олтарот на новата бугарска држава, како и сознанието за духот на новото време и наметнатата обнова во македонското движење, за којашто цел, еден неделник коишто не носи чисто македонски карактер (да кажеме „Национална мисла„) би изиграл голема улога. Борба против предавствата и шпионажата и др. 2. ЗА ПОРОБЕНА МАКЕДОНИЈА. Искористување на внатрешните противречности во Југославија и Грција за извојување поголеми правдини за македонските Бугари. Создавање легални формации за борба против асимилацијата. Сврзување во едно на тежненијата на Загреб и Скопје за една општа борба против тиранијата на Белград. Полна и сестрана информација во однос на положбата на тие држави- нивните политички и воени цели и др. 3. ЗА АМЕРИКА. Борба против пролевичарството на емиграцијата и болните амбиции на некои водачи од десницата коишто го изложуваат престижот на Бугарија. 4. ЗА ЕВРОПА. Попречување на дејноста на задграничното биро на ВМРО (об.) коешто се наоѓа таму. Искористување на целите посочени во точка 2, македонските студенти од поробена Македонија, емигрантите кои живеат таму и кои го поседуваат правото да гостуваат во Југославија, трговците и др. Материјалната и морална поддршка којашто ја должи емиграцијата кон поробените Бугари, да врви по линијата на ВМРО, а не да ја заобиколи или да се постави на нејзиното место, како што беше до вчера. (Спогодбата со Павелиќ и Перчец, банкетот на Петар Грубер и др.). Единството на емиграцијата неможе да се оствари без единствен Национален Комитет или сојуз. Грешката на 19-то мајците е дека немало потреба од централно раководство и треба да се отстрани. ЗАКЛУЧОК. Извештајот не е потполен. Неможе се како што треба да се каже, да се напише. Ние сме на средба да објасниме се усно. Исто така предупредуваме дека ќе биде голема и непростива грешка, ако компетентните го наложат исполнувањето на тој план во рацете на луѓе коишто не го создале или пак не поседуваат неопходен слух и врски и неопходните способности и квалитети за да го реализираат. |