Недела, 08 Септември 2019    Печати
Христијан Мицкоски: Среќен роденден Македонијо

70448367 1315293455312777 2208348355401089024 n

Денес на 2 764 метри надморска висина, врвот Кораб највисокиот во нашата преубава Македонија.

Денеска 8 септември Денот на независноста, да го славиме вечно, се додека сонцето го изгрева утрото.

Да се избориме за нашата земја, во ова време, невреме, кога силно не влечат на дното, кога животот станува пекол, а секој од вас чувствува и знае дека ова денес не е она за што се бореа нашите во минатото и она што ние го сакаме денес.

Затоа заеднички да се избориме за подобро, за обнова и иднина.

А кој друг ако не сите ние, и не затоа што е лесно, туку затоа Македонија е нашето се. Тоа е наше име и презиме, нашиот завет, она што сме и ќе продолжиме да бидеме.

Среќен роденден Македонијо. Биди вечна и исправена на секоја бура и невреме. Биди горда и достоинствена, слободна и независна!


Да сте живи и здрави Македонци!

70704054 1315293518646104 439817944034181120 n