Понеделник, 16 Септември 2019    Печати
Просечните месечни примања на помошниците обвинители на Катица Јанева во СЈО се 220-260.000 денари

pandov1Александар Пандов

Од стаусот на Антонио Милошоски дознаваме дека платите во СЈО:
1. Просечните месечни примања на вработените во СЈО со високо образование се 80.000 денари (редовна плата + 35% повишица за вршење на јавно-обвинителска дејност + исплата на додаток по основ на спорни договори за чување деловна тајна).
2. Просечните месечни примања на помошниците обвинители на Катица Јанева во СЈО се 220-260.000 денари, (според истите три основи).

Јавно е познат мојот став кон овие паразити и тоа дека СЈО е партиско дувло, меѓутоа еве вие од СДС, шарени, невладини, Сорос, кога ги читате нивните приходи и им дававте поддршка, мајку му нели ви е мука кога знаете колку години, време и здравје сте вложиле како опозиционери во борба против тогашната власт, за да овие на готово ги донесете и гледате како биле ,,наградени'', а вашата сегашна моментална финансиска ситуација и сами знаете каква е! Прифатливо ли ви е после се што ,,свршија'' како работа изминатите четри години, што исфактурираа 15.000.000 милиони евра, пари кои да ве потсетам не се само на небањати вмровци. Не, не тие пари не се бележани со партиска, национална или верска ознака, тие пари се од сите нас, граѓаните на Република Македонија.

Кога човек го познава менталниот рекетарски склоп на Катица ,,првата дама'' во СЈО, од нејзе избраните заменички и какви се ,,бургии'' се вработени таму, дозволете основано да се сомневам дека покрај погоре напишаните примања, оваа багра, братски мацала од секоја нарачка и исплата, почнувајќи од набавка на хартија, тонери и кертриџи, до гориво, дневници, кирии и што се не.

Па да прашам, додека Македонците скенираат фискални сметки, се планира ли и кога во СЈО ќе влезе независен финансиски ревизор да ни каже како и за што се друго се трошени народните пари?