Петок, 20 Септември 2019    Печати
Политичка номенклатура
Goce MarkovГоце Марков-колумнист, Македонец и Човек
Политичка номенклатура
Несовршенството на природните елементи по распоред и големина во нашите животи е само почеток на денот!
Нашите позиции во споредба со хармоничната врска на хемиските елементи е само одбивање на една реалност која секојдневно се преклопува со нашите доблести и маани!
Кој курбан ќе даде на село, кој ќе ибрише две – три плунки спроти ветер, и свршил работа, купил стан во центар а го користи како хотел?!
Ама сетики се брои во МВР како жител, а бре ајде!
Секоја вечер ????, навечер џогинг, и по пижами!?
И додека тракторот ќе го бучи таткото, синот ќе се занимава со манекенство, а повремено ќе има и хоби за професија!Да не ве лаже перото на авторот, треба да знаете дека новинарството стана само цена за материјална егзистенција а не материјализација на некои нови и скриени вистини. Се околу нас е костимографија, се е резултат на осмислен профит и провизии а со Каузата тркачите си избришаа мрсул...до толку!
За корупцијата и да не говорам, таа стана прирок!
Тој Западот ви ја е... Мајката!И родената и Државата!
Видела жабата потковица и помислила дека е Пепелашка!?
Видела козата ѕвонец и помислила дека се наоѓа во Швајцарија!?
Се заменивме со сопружниците, си купивме брзи и бесни коли наместо време со жените.Си купија сопругите држава и не заменија со работно време...прва, втора, трета смена?
Ручекот на работа, доручек на работа, вечера ако се видат, и се така...
Историјата е тука, ја пишуваме ние и е наука емпириска, а географијата се браздите на челото, партијата наместо жена и илјадниците непроспиени ноќи, прочешлани списоци и храброст во одлуките и одлуките на храброст!
Станавме робови на третата страна, жена ми вели имаш швалерка а јас само Дизелот го точам на три дена!
Западот ве изеде а ќе ве јаде и понатаму...капиталистички робови на туѓото азно.Вие само плаќајте кредити!
Комшијата ми вели, го исплатил кредитот а неговиот шеф на држава завчера зел 68 милиони кредит...и никако да разбере!?
Бегањето од одлуки, бегањето од новата реалност е бегање од Новото и е одлика на оние луѓе кои остареле и кои се на работ од политичко опстојување! Желбата на Народот е чесност а во денешни рамки само претовар! Не може радиоактивно озрачени еднинки со профит и делба на кеш да симулираат симултанка со професионалци!
За Вас драги мои имам Порака: Има само една Вистина, а тоа е информацијата!
Џабе ви силни милиони кога хемисферите ви останале во втората половина од минатиот век!
Знаењето е моќ која е индивидуална а кој како ќе ја искористи е прашање на избор, волја и моментум.Повеќе насоки на паралелни случувања создаваат нов Млечен пат на политичка субституција.Тоа нема да го разберат странците а ниту богатите старци од спонзорската ложа.Тоа новиот лик на општеството и новиот чекор.. кој ќе се качи на возот арно а кој не, уште подобро.
Западот секако ќе ве изеде и Вас и Вашите скриени погледи!
Живееме во постојано брзање и под огромен притисок на дневните обврски наметнати од систем кој не е наш а ќе биде.
Сите сложно и постојано и континуирано, или на рати опстојуваме... Дочекавме време на наместени планети, наместени тендери, наместени абортуси, наместена иднина, сменето минато, разобличен умови а ,,другари” по повик, по крв и по несмасна политичка номенклатура. Се гушиме за 02 а не излегуваме од возило, го бараме хипоксично како милост од жена, како понудена млада доилка во темна уличка, како девица, како силувана држава!