Овие зборови – „Ценете си ја културата. Почитувајте си ја историјата“ – најдобро го сумираат обраќањето на претседателот Доналд Трамп пред Обединетиет Нации. Трамп се обраќаше на целата планета, но овие зборови се особено значајни за Македонија и за Македонците, во земјата и низ светот.
Што друго кажа претседателот Трамп што би требало да им даде кураж на Македонците? Тој рече: „Исто како мојата сакана земја, секоја нација претставена во оваа сала има скапоцена историја, култура и традиција кои вреди да се бранат и слават, и кои и даваат уникатна сила и потенцијал“. Македонци: дали ќе дозволите тесните, себични интереси во Македонија (и надвор од неа) кои се заинтересирани само за својата лична моќ и привилегии, да продолжат да ја бришат македонската „скапоцена историја, култура и традиција“ или ќе ги одбраните и ќе продолжите да ги славите поради нивната „уникатна сила и потенцијал“.
„Слободниот свет мора да ги прифати своите темели кои се национални. Не смее да се обидуваме да ги избришеме или да ги замениме“. Македонци: вашите национални темели се клучни не само за вашиот успех како нација и како народ, туку и за вашето постоење. Вашите национални темели се вашето минато – вашата историја и Македонците и Македонките кои постоеле пред вас. Не смеете никогаш да ги заборавите нив или нивните жртви за Македонија.
„Ако сакате слобода, бидете горди на вашата земја. Ако сакате демократија, чувајте го вашиот суверенитет. Ако сакате мир, сакајте си ја нацијата. Мудрите водачи секогаш на прво место го ставаат интересот на својот народ и на својата земја“. Непобитен факт е дека Владата на Зоран Заев ги стави интересите на други држави пред интересот на Македонија. Тој и неговата Влада покажаа колку малку се гордеат со Македонија и се подготвени да го предадат македонскиот суверенитет на други земји.
„Доброто на една нација може да го застапуваат само тие кои ја сакаат; граѓаните кои се сраснати со нејзината историја, кои се задоени со нејзината култура, посветени на нејзините вредности, блиски со нејзиниот народ, и кои знаат дека од нив зависи дали ќе ја изградат својата иднина или ќе ја загубат. Патриотите гледаат на својата земја и на нејзината судбина како што никој друг не може да ги види“. Препрочитајте ги овие зборови: „сраснати“, „задоени“, „посветени“ и „блиски“. Препрочитајте со што се поврзани овие зборови: „сраснати со историјата“, „задоени со културата“, „посветени на вредностите“, „блиски со народот“. Тоа, вели Трамп, значи дека граѓанинот е посветен на доброто на својата нација. А сега, кажете ми што Зоран Заев стори со овие зборови.
Понатаму, претседателот Трамп зборуваше за патриотизмот и неговата поврзаност со слободата, суверенитот, демократијата и големината на државата, велејќи дека „слободата може да се зачува само ако е безбедна, демократијата и големината на државата може да се постигнат само со волјата и со посветеноста на патриотите… Љубовта кон својата нација го прави светот подобар за сите нации“.
Заедно со овие совети, претседателот Трамп упати и предупредување. Тој рече дека: „Главната поделба која ја имаме во светот, и низ историјата, е повторно јасно видлива. Тоа е поделбата меѓу тие кои посакуваат да ги контролираат другите и поради тоа се заблудени дека нивна судбина е да владеат, и луѓето и народите кои единствено сакаат да се управуваат себеси“. Потоа ја повтори неговата позната теза дека „Иднината не им припаѓа на глобалистите. Иднината им припаѓа на патриотите. Иднината им припаѓа на суверените и независни нации кои ги бранат своите граѓани, ги почитуваат своите соседи и ги ценат разликите поради кои секоја земја е посебна и единствена“.
Трамп предупреди на опасноста која произлегува од величањето на Човештвото, велејќи дека „Глобализмот имаше безмалку религиска привлечна моќ врз претходните лидери, и ги доведе до тоа да ги игнорираат своите сопствени национални интереси“. Иако не кажа категорично, но мислам дека тука сака да ни каже, како што и други посочиле, дека величањето на глобализмот е слично на величањето на социјализмот и комунизмот, бидејќи овие три идеолигии се заинтересирани за истото нешто: за моќ. Трамп рече дека „Социјализмот и комунизмот сакаат да обезбедат власт за владејачката класа“, додавајќи дека „слободата и демократијата мора постојано да бидат бранети и чувани, како од надвор, така и од внатре. Мораме да бидеме сомничави кон тие што сакаат конформитет и контрола. Дури и во слободните држави, гледаме загрижувачки нови закани против слободата“.
Претседателот додаде дека голем дел од глобалната елита е составен од постојана владејачка класа, безлична бирократија, поврзана со медиуми и академици кои служат како првосвештеници и првосвештенички на оваа нова религија. Тој рече дека „Постојаната владејачка класа отворено покажува презир, гадење и отпор кон волјата на народот. Безличната бирократија функционира во тајност и ја слабее демократијата. Медиумите и академските институции вршат директни напади врз историјата, традицијата и нашите вредности“. Кога веќе зборуваме за волјата на народот и согласноста на тие со кои се управува, Македонците знаат, од болно искуство, дека Владата на Заев покажува „отворен презир, гадење и отпор кон волјата на народот“. Ова не смее да продолжи.
Трамп зборуваше за САД, но неговите зборови може да се применат за сите слободарски народи. „Татковите на нашата нација знаеа дека секогаш ќе има луѓе кои веруваат дека имаат право да владеат со другите и да ги контролираат другите. Тиранијата се шири под разни имиња и преку разни теории, но секогаш произлегува од желбата да се доминира со другите. Таа не ги брани интересите на мнозинството, туку привилегиите на неколкумината“. Додека ги читате овие зборови, спомнете си на Европската Унија и нејзините неизбрани и неодговорни бирократи. Помислете на американскиот Стејт Департмент кој не одговара ниту пред претседателот Трамп, а не пак пред американскиот народ. Помислете на вашата сопствена влада.
Претседателот Трамп го заврши своето обраќање со надежна порака, ако не заповед тогаш барем совет, како да ја зачувате државата која што ја имате. Тој рече: „До сите водачи кои се тука денес со нас, придружете ни се во најисполнителната мисија која еден човек може да ја има, со давање на најдлабокиот можен придонес кој секој од нас може даго даде: Градете ги своите нации. Ценете си ја културата. Почитувајте си ја историјата. Внимавајте на своите граѓани. Направете ги своите нации да бидат силни, богати и правични. Чувајте го достоинството на својот народ и ништо нема да ви биде недостижно“.
https://www.svest.mk/tsenete-si-ja-kulturata-pochituvajte-si-ja-istorijata/