Петок, 11 Октомври 2019    Печати
Сакате да ви преведам што сакаат да ни кажат Бугарите?

23518903 10214351672088604 8070652550094846077 nБиљана Ванковска

 

Сакате да ви преведам што сакаат да ни кажат Бугарите?

Дека ние сме дел од бугарскиот народ, кој под притисок на југословенскиот тоталитаризам бил конструиран со антибугарска свест... Ете, тоа го бараат од нас! Да признаеме дека сме с'што, и во фашизам и во комунизам, и во наводен либерализам...

Да бевме макар малку како нашите предци утре ќе славевме како во 1941 - не мора со пушки и участоци, туку со протести на улици. Не пред бугарската амбасада, бидејќи тие не ме ни интересираат - нека се удават во нивната „љубов“ кон Македонија/Македонците ами пред владата и резиденцијата на Претседателот кој уста има јазик нема... Тие не можат да не понижат толку колку што ние можеме да поднесеме - тоа е мотото на оваа влада!