Среда, 23 Октомври 2019    Печати
Не смее да се прифати сегашниов Министер за внатрешни работи Оливер Спасовски да биде назначен за технички Претседател на Влада.
070708spase
Пишува: Мирко Трпески
 
Би сакал сериозно да предупредам на следните работи:
    1. По никоја цена не смее да се прифати сегашниов Министер за внатрешни работи Оливер Спасовски да биде назначен за технички Претседател на Влада. Таков бездушен “човек“, без емоции и желба за правдина може само да ги саботира изборите, да внесува нерегуларности и незадоволство кај гласачите и партиите, особено од спротивниот блок, што може да доведе и до пропаѓање на изборите. Ваков исход би и’ одговарал на неговата партија.
 
    2. Денес, 22.10.2019 година, на една од телевизиите имаше интервју со главен човек за изградба на патиштата низ Македонија. Тој за многу кусо време изнакажа купишта лаги и факти што не држат. Парафразирано, рече дека започнале или ќе започнат градба или рехабилитација-обнова на 500 километри патишта. Наведе рокови за распишување на тендери и воведување на изведувачите во работа. Наведе и несфатливо куси рокови за изработка на проектна документација за одредени правци. Наведе лага до лага. Пред се’ за толку работи нема пари. За толку работи нема фирми изведувачи. За толку работи нема работници. За толку работи нема механизација. За толку работи нема градежни и други материјали. За толку работи нема доволно надзорни органи. Ова треба да биде раскринкано за јавноста да не биде заведувана и нејзиното внимание одведувано од вистинската слика на умртвени инвестиции на патната инфраструктура во последниве три години.
 
    3. На јавноста треба да и’ се каже дека оваа власт мора да падне заради утврдување вистината од страна на новата власт, барем за следните работи:
    - што направи Заев во релативно кусиот период кога го избрка Министерчето за финансии и, неконтролиран и непречен од никого, расоплагаше со стотиците милиони Евра од Централниот Буџет (тие средства се многу повеќе од средствата по поедини тендери и за тие средства не треба да се вложи речиси никаков труд),
    - да се утврди каде се отидени милијардите Евра (илјадите милиони Евра) од Централниот Буџет во првите две години од владеењето на социјалдемократците. Како репер за ова треба да послужи барем делумото нивно инвестирање во последната-2019 година. Притоа, треба да се појде од фактот дека и во првите две наведени години приходите на Централниот Буџет биле слични како и во 2019 година, а никој не виде корист од нив, што значи дека тие се некаде или кај некого,
    - дали во последните три години се изцицувани средства од Буџетите на побогатите општини и се трансферирани некаде, а општините се оставани без средства - на граѓаните -и истите не можеа да ги извршуваат дури ниту основните работи и задачи,
    - која беше и е улогата на Сорош во последниве четири-пет години во делот на финансирањето на шарените (кај нас се знае кои се “шарени“), во обезбедувањето надворешна поддршка заради насадување на социјалдемиократците на власт, во нивното бездушно владеење - против државата и народот, особено против патриотите, во наплаќањето на своите услуги, со други зборови, нашето осиромашување ...
    - да се утврдат вистинските вредности, а не фризираните статистички податоци за растежот на Бруто домашниот производ, за вистинскиот растеж на просечната плата и воопшто на платите, за вистинскиот број на вработени во администрацијата на товар на Централниот Буџет, за состојбата со странските директни инвестиции ... Ваквите вистински податоци потоа да им се презентираат на меѓународните финансиски и статистички институции за тие да можат да имаат реална слика за состојбите, но и реален континуитет на податоците за нашата земја,
    - дали случаите “Рекет 1“ и сега “Рекет 2“ всушност се само замајување на јавноста и оттргнување на нејзиното внимание од други, далеку подлабоки и пошироки криминални дејанија? На ова наведуваа и чудното, ако не и правно нерегуларно водење случајот “Рекет 1“, непроширувањето на истрагата пошироко од три-четирите обвинети - во основа “ситни риби“, намерното затворање на истрагите за одделни обвинети и пред нив да им се даде можност да дадат свои искази, држењето на Катица Јанева и Боки 13 во притвор за ниту случајно да можат да остварат контакт со јавноста и да кажат нешто повеќе од тоа што и’ се севира (со што се замајува-залажува) на јавноста ...