|
||
| Ова денес што се случува е диктатура |
|
Секојдневно се објавуваат огласи и конкурси, за прием на партиски послушници во Државната администрација, истата онаа за која велеа дека е превработена и за која ветија дека ќе ја растеретат. Така во секторот Образование, како никогаш досега, беа отворени Огласи за вработување во октомври и без никаков критериум беа примани партиски послушници, оставајќи ги без средства за егзистенција луѓето кои мислат поинаку од нив, а уредно поседуваат се што е потребно за работа. Се разбира, истите ќе ја бараат правдата преку судските органи, но се прашуваме, кој ќе сноси одговорност за неправдите направени врз овие луѓе? Кој ќе одговара за претрпениот стрес, на луѓето извадени од соодветните работни места, за да дојде член на владеачката коалиција? И не само во образование. Оваа еуфорија е присутна секаде, во секоја организација, која е под државна капа. Така, во Гостивар секојдневно сме сведоци на прераспределување на работни места, на секој оној кој размислува поинаку. Има пример на луѓе пред пензија, без никаква дамка во долгогодишното работење, да се прераспределуваат на работни места километри подалеку од градот. Кој ќе одговара за овие постапки и дали треба сите исто да мислиме, за да бидеме нормално третирани од овој режим? Срамно и нечесно е ова, господа од сдс. Народот никогаш не заборава. Гневот и револтот секојдневно растат. Луѓето се очајни, и само и единствено тие знаат да казнуваат. Иако претходниот систем го нарекувате режим, ова денес што се случува е диктатура. Но, времето минува и 12 април ќе дојде. Тогаш ќе ве болат сите овие неправди, тогаш ќе ве мачат сите човечки судбини, со кои си поигрувате. Ова лудило ќе запре, затоа што народот умее да процени и да спореди кој беше и кој работи за народот! Лоран Сташески, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Гостивар |