Понеделник, 18 Ноември 2019    Печати
Христијан Мицкоски: Изборот е Заев или Македонија

76722792 1381284798713642 1196202426919550976 oХристијан Мицкоски: Изборот е Заев или Македони

75446476 2491273757660662 2165090617321848832 nВремето е неподносливо тешко, проблемите надвиснале, но не очајувајте народе, пренесете им на своите браќа и сестри, ние сме единствени и свесни за предизвиците, и затоа…затоа …Победата е наша, Победата е наша и победата е заедничка!!!“

Ова ќе биде победа на сите млади чии срца чукаат за промени, ова ќе биде победа против оние кои сакаат бунтовноста денес да ја замолчат. Ова ќе биде победа на жедните за правда, оние кои копнеат за сигурност, и оние кои си ветуваат себе си, дека нема да потрошат уште макар еден ден загубен овде, во сивилото наталажувано со децении и политиканството градено со години.

Дали ќе биде лесно? Не. Дали ќе ги решиме сите големи проблеми кои постојат? Не знам. Ама дали со сите сили ќе се бориме да успееме – е тоа Да! Тоа ви го ветувам на сите вас! Верувајте во себе, верувајте дека доаѓа обновата. Затоа што обновата не е само слоган, туку нов начин на делување. Филозофија во која цврсто верувам.

Обновата е среќна Македонија, горда и исправена. Земја на надеж и сигурност.

Обновата е и правда, безусловна правда. Нов начин на функционирање, искреност, чесност и честитост. Македонија е нашето се.

Да ги поразиме оние кои носат порази.

Изборот е Заев или Македонија. Народот ќе ја одбере Македонија.

12 април е денот кога ќе треба Македонија да стане. Да биде на нозе, тој е вториот 8 Септември за нашата татковина. Да покажеме кичма, да победи моралот, сонцето да се вее и да свети најсилно. Македонија тоа го може, затоа што таа е нашето сѐ. И за нејзе вреди секоја секунда од нашите животи.

Да го дадеме последниот атом од нашата сила, да се избориме за среќна иднина. Знам дека ќе победиме и знам дека Македонија ќе ја исправиме. Таа енергија ја гледам и ја чувствувам. Кажете им на сите луѓе, старо и младо, ова е наша битка и битка на нашата генерација. И ова е битка на мојот живот, за она во што верувам, за она што ме воспитале моите родители, за она што ги одгледувам моите деца, овде се работи за сон, идеа и цел, а тоа е Македонија.

Македонија достоинствена, наша, заедничка, обновена, почитувана, горда!

#ОбноваНаМакедонија

72307190 1381283632047092 4712916464858824704 o

76262961

51

75220811