|
||
| Никола Груевски: Идејата и визијата беше да се привлечат мултинационалните финасиски компании |
|
Никола Груевски: Идејата и визијата беше да се привлечат мултинационалните финасиски компании Во некои медиуми прочитав текст со многу невистини поврзан со замислата на владата која ја предводев за креирање на меѓународна финансиска зона во Скопје. Текстот изобилува со многу неточни работи и информации, но ќе се осврнам само на најважните. Од првиот ден откако почнавме да разработуваме идеја за меѓународна финансиска зона, како економски тим имавме замисла дека финасиската зона нема да функционира на принцип на “оф-шор”. Идејата и визијата беше да се привлечат мултинационалните финасиски компании своите главни седишта да ги префрлат во Македонија и од тоа Македонија да има повеќестрана корист. Двете се земји членки на ЕУ, со законодавство усогласено со европските директиви и не сум слушнал дека се перални на пари или некакви оф-шор дестинации. Имаше размислувања низ работните дискусии, регулаторните тела кадровски да се екипираат со поранешни или скоро пензионирани високо кредибилни и авторитетни личности од земјите од кои ќе се применеше законодавството, како поранешни гувернери или заменици гувернери на централна банка на Англија или поранешни членови на комисија за хартии од вредност или поранешни членови на супервизија на осигурување, поранешни високо ценети судии од Англија и други лица со високо ниво на стручност, искуство и пред се личен кредибилитет и интегритет. Такви високо кредибилни и авторитетни личности на светско ниво се размислуваше покрај домашните преставници да влезат и во бордот на зоната чии присуство за финасискиот свет на глобално ниво требаше да преставува гаранција за сериозноста на проектот. Само така можеше да се надеваме на финансиски центар кој би бил меѓународно респектиран и кредибилен. Имаше повеќе меѓународни консултанти кои преку повеќе мои соработници се понудија да дадат идеи и да пружат услуги во развојот на таа идеја. Се сеќавам дека имаше некои од Германија или Швајцарија и од други, главно европски држави, но не исклучувам некои од нив да биле регистрирани во Лондон. Ги слушавме идеите и предлозите на сите нив, но ние градевме наш, а не нивен концепт. Нашиот концепт се засноваше на финасиска зона со многу висок кредибилитет, прифатена од ММФ и ЕУ и контролирана од нив. Со никој од заинтересираните консултанти не склучивме договор за соработка. Ако некој од нив навистина имал такви планови како што е наведено во текстот, сигурно ќе бил многу разочаран доколку се реализираше меѓународната финансиска зона во Скопје, каков што работен наслов имаше. |