Сабота, 07 Декември 2019    Печати
Соработката меѓу АК партијата и ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи и во идниот период
Фотографија на Igor Janushev.

Игор Јанушев

Денеска во Истанбул, Република Турција остваривме средба помеѓу Министерот за надворешни на Турција Мевлут Чавушоглу и делегација од ВМРО-ДПМНЕ заедно со потпретседателите Александар Николоски, Владо Мисајловски.

На средбата се разговараше за односите и соработката на АК партијата од Турција и ВМРО-ДПМНЕ како две партии со десничарска ориентација. На средбата стана збор и за односите меѓу Македонија и Турција.

Се констатираше дека односите се добри но е потребно подобрување особено во делот на економската соработка и инвестициите.

Фотографија на Igor Janushev.

ВМРО-ДПМНЕ планира по победата на изборите да работи силно на привлекување инвеститори.

Разговаравме и за турската заедница во Македонија како и за културните односи меѓу Македонија и Турција. Се истакна дека постои простор за дополнително продлабочување. Се нагласи дека членството на Македонија во НАТО ја засилува соработката со Турција.

Се потенцира потребата од реформи со цел Македонија да почне преговори со ЕУ.

Констатиравме дека соработката меѓу АК партијата и ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи и во идниот период.