Среда, 18 Декември 2019    Печати
Срамота и брука за Македонија

Николоски: Основа на македонската дипломатија треба да е привлекување инвеститори и стимилурање извоз

Сакаат да испратат амбасадори, но во исто време тие лица не ги исполнуваат условите од Законот кои што самите го предлагаат.

Така да крајно дволично е вие да предлагате амбасадори по стариот закон затоа што знаете дека по новиот не ги исполнуваат условите, а веднаш потоа да сакате да донесете нов закон, што е срамота и брука за Македонија како држава и е срамота кон државите во кои се испраќаат амбасадори бидејќи го гледаат несериозниот однос, рече Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ во денешното гостување во емисијата Добро утро.

Ниту Никола Димитров не ги исполнува условите за да биде амбасадор според новиот закон, изјави Николоски. Потпретседателот Николоски смета дека основата на македонската дипломатија, односно на амбасадорите треба да е привлекување на инвеститори и стилулирање на извоз, што не било случај изминатите три години. Јас не сум слушнал во изминатите 3 години дека некој амбасадор донел странска инвестиција во Македонија, или испромовирал македонската фирма да извезува во странство.

По мене основа на дипломатската работа е во големите центри да се штитат политичките интересите на Македонија а секаде останато 90 проценти на амбасадорите треба да е економска дипломатија, посочи Николоски.