
Соопштение до јавноста, реакција на соопштението на СДСМ кое се однесуваше на интервјуто на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ
Празните и бледи соопштенија на СДСМ нема да го намалат поразот на Зоран Заев на 12-ти април.
Штетните политики на Заев, криминалите, тендерите, рекетарството нема да се сокријат со скапо платени реклами од џебот на граѓаните.
Штетата што ја направи оваа криминална власт за три години е како за триста. Одговорност за тоа ќе има на 12-ти април.
Новата влада која што ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ за граѓаните на Република Македонија ќе донесе правда, принципи, промена и обнова.
По 12-ти април Македонија ќе го врати ударот кон сите кои удираа по нејзе.
Обновата доаѓа.
ВМРО-ДПМНЕ |