Вторник, 24 Декември 2019    Печати
Игор Јанушев- Неспособни се! Неспособни криминалци!

Igor Janusev

Игор Јанушев, Генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ

Зоран Заев - водачот на криминално-рекетарската банда на власт повторно во “јалов” обид, со истата реторика од 2014 година, ВМРО е со деструктивна политика, ВМРО е криминално, ВМРО нема понуда, ВМРО е против ЕУ и НАТО...

Не дека не кажав уште пред неколку недели на некое од гостувањата во медиумите дека освен реториката од 2014 и 2015 година немаат ништо друго.

И, тоа е така од неколку причини, но еве сега ќе издвојам 2 кои сметам дека предничат:

1. Освен криминал, рекет, манипулации и лаги немаат ништо со што можат да излезат во јавност. Нема една работа во било кој сегмент од општественото жувеење со која можат да се “пофалат”. Неспособни се! Неспособни криминалци!

2. Соочени со неминовниот пораз на 12 април, соочени со одговорноста од која нема да може да избегаат се обидуваат да го запрат вртоглавиот пад кој го имаат на буквално сите анкети и рејтинзи, но најважно, немањето поддршка од народот од буквално било која фела поради злото кое го нанесоа на сите граѓани на Република Македонија. Па, затоа, сега повторно ќе бидеме сведоци на изјави од Заев за “жицата и семето Македонско”.