|
||
| Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ – Гостивар додели новогодишни пакетчиња за најмладите во с. Зубовце |
|
Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ – Гостивар додели новогодишни пакетчиња за најмладите во с. Зубовце Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ - Гостивар во село Зубовце организираше предновогдишна средба со дечињата, од едногодишна до 5-то оделение возраст од с. Зобовце со Дедо Мраз. Дечиња со насмеани лица, со песнички и со ракоплескање со нежните рачиња, од се срце го поздравија доаѓањето на саканиот Дедо Мраз, а тој во с.Зубовце пристигна со полна вреќа подароци. Дедо Мраз на сите дечиња им подари новогодишни пакетчиња, а тие среќни и радосни од оваа несекојдневна и многу посакувана средба, си заминаа задоволни во своите домови. Дојди, дојди Дедо Мраз влези и во домот наш! Ти си патник дар што носи, од очите смев што роси, од устата глас што лее - најубаво што ни пее! Дојди, дојди од сто страни, прескокни ги сите брани, препливај ги сите реки, прелетај ги сите смреки! Ти си старец - живожарец и најголем дародавец! Дојди, дојди, те сакаме - срдечни поздрави ти праќаме!
|