|
||
| Дај му плата и од 1.000 евра ако сакаш, пак ќе избега од Македонија |
|
Статус на Калина Коси: Млад, здрав, прав, умен, избегал во странство за да печали пари? – Бега од нашите училишта каде внукот на директорката има повеќе петки од него, иако не знае да гукне, а самиот тој знае повеќе од учителката. – Бега од нашите општини каде да го видиш градоначалникот за да му се пожалиш е еднакво на барањето да го видиш Господ. – Бега од нашите конкурси за работа на кои синот на директорот со трето одделение ќе го примат наместо него со диплома од факултет. – Бега од нашите болници каде чека со саати, каде го фрлаат да лежи на кревет покриен со партали и каде оди во ве-це кое повеќе личи на полско отколку на болничко. – Бега од нашите шалтери каде некултурни се буткаат преку ред, а дотраени и дрски работници го услужуваат од другата страна. – Бега од нашите маркети каде продавачките секогаш несакајќи грешат во куцање со еден артикал повеќе, никогаш помалку. – Бега од нашите служби каде пред нос луѓе со врски се пикаат пред него во канцеларија, додека тој чека со бројчето во рака. – Бега од нашите судови каде плаќа казна за фрлено влажно марамче на улица во една судница, додека во другата ослободуваат човек кој ја претепал жена му. – Бега од нашите институции каде не може да поднесе да работи додека му шефуваат неписмени шефови, а некој друг седи дома и зема плата за истата работа. – Бега од валканите улици… – Бега од уличните кучиња… – Бега од патеките без корпи за отпадоци… – Бега од преполнетите контејнери… – Бега од затруеноста со политика… – Бега од коцкарниците и обложувалниците… – Бега од лажливите политичари… – Бега од отровниот воздух… – Бега од малограѓанштина… – Бега од мито и корупција… – Бега од отсуство на морал… – Бега од селективна казнивост… – Бега од неодговорност… – Бега од лаги… – Бега од измами… – Бега од неправда… БЕГА од се! Зошто сака да се чувствува корисен, да почитува закони во држава во која сите ги почитуваат и имаат еднаков третман, зошто сака да биде почитуван и продуктивен, некој да му го вреднува вистински она што го знае и умее. Не бега само во потрага по пари, бега во потрага по нормален живот и сопствена иднина! Бега зошто е свесен дека во оваа држава тоа не го може! Дај му плата и од 1.000 евра ако сакаш, пак ќе избега! http://www.mkportal.mk/2019/10/26/daj-mu-1000-e-plata-i-pak-ke-izbega-od-makdonija/ |