АМЕРИКАНСКИ НОВИНАР ВО 1935 г.: АТЕНТАТОТ НА КРАЛОТ АЛЕКСАНДАР НЕ Е НИШТО ПОСТРАШЕН ОД РАБОТИТЕ ШТО НЕГОВИТЕ ЖАНДАРМИ ГИ ПРАВАТ ВО МАКЕДОНИЈА
7 мај 2020 година Редакцијата на МИЦ Нашето истражување во архивот на Американската академија за политички и општествени науки деновиве вроди со еден интерес плод. Станува збор за четиво на американскиот новинар Џон Бејклес издадено во јануари 1935 година [The Annals of American Academy of Political and Social Science, Vol. 177, Radio: The Fifith Estate (Jan., 1935), pp 223-231]. Тука авторот го опишува своето искуство со припадниците на Внатрешната македонска револуционерна организација и неговата средба со раководителот на Организацијата, Ванчо Михајлов во 1929 година, и дава краток опис на бугарско-југословенската граница каде за време на неговата посета во процес била изградбата на барикадата од бодликава жица. Впечатливо е дека овој опис речиси целосно со совпаѓа со описите кои во тој период ги даваат Анри Пози („Црна рука врз Европа; Војната повторно доаѓа“) и Стојан Христов („Херои и убијци“).
- Можеби најважното што можам го да кажам е ова: Иако за вас смртта на кралот Александар можеби делува на просто убиство; и иако можеби ви делува на само ужасен и крвав злостор кој остави мало момче без татко и со кралство со кое треба да управува, сепак би сакал да не заборавите дека, колку што е ужасен овој чин, тој не е ништо пострашен од работите што жандармите на кралот Александар ги прават во Македонија изминативе десет години. - Политичкото убиство е грозна работа, тоа е особено страшна работа во очите на Американците; но навистина е многу тешко е да се види што друго Македонците можат да сторат, освен да се откажат од слободата, од своите права, од својата земја и да станат Срби. - Кога ќе разберете какви се условите на југословенската граница, веројатно ќе имате малку повеќе разбирање зошто се случуваат работи како атентатот во Марсеј. - Се приближивме кон самата границата и бугарскиот офицер го испружи стпалото кон ровот, истегајќи ги прстите, и рече: „Еве сме. Погледај таму“. Погледнав на југословенска страна и во самракот здогледав, малку подолу, како се гради ограда од заплетена бодликава жица, а во земјата пред мене, дупки ископани за столбовите кои треба да ја носат оградата. - Можеби ќе прашате зошто една влада треба да се опкружува со вакви мерки на претпазливост. Оградата од бодликава жица е изградена со цел да се отсечат Македонците во српска Македонија од Македонците во Бугарија, со цел да се прекинат сите национални врски и да се пушти постепено да израсне нова генерација на Македонци кои ги заборавиле старите обичаи, стариот јазик и старата религија, и кои станале србифицирани. - Додека им се негираат правните средства, ВМРО инсистира дека ќе продолжи со насилството. Во неколку наврати ВМРО има издадено проглас дека доколку ѝ се дозволат легални средства за работа, таа би делувала легално. Во интерес на сите нас е поплаките на сите малцинства на Балканот да добијат фер сослушување, и да се стори нешто за правата и маките на овие луѓе. |