|
Во спомен на храбрите Илинденци, коњаницата “Бигорски Манастир-Патот на Црешовото Топче“ 2021 година по дванаесети пат го организира традиционалниот коњички марш.

На 26 јули, со почеток во 8.00 часот наутро коњаниците ќе продефилираат низ с.Зубовце, 10.00 часот с.Тумчевиште потоа низ гостиварските улици, а во гостиварскиот соборен храм „Св. Богородица“, во нивна чест ќе се одржи молебен од страна на свештеници на гостиварското архиерејско намесништво.
Коњаницата првата ноќ ќе ја помине во манастирските конаци на Св. Јован Бигорски.
На 27 јули во 10.00 часот во манастирската црква „Св. Јован Крстител“ ќе се одржи молитва и ќе бидат благословени од монашкото братство за успешен пат кон револуционерното Крушево и живи и здрави да се вратат во своите домови.
Потоа, во манастирскиот двор комитите пред Светото Писмо, кама и револвер, ќе положат заклетва, за верност кон македонското ослободително дело и ќе тргнат по патот по кој биле пренесени црешовите топчиња како поддршка на илинденските востаници. .
Манастирот Св. Јован Бигорски има посебно место во историјата на македонскиот народ.
Во 1903 година, манастирот служел како главна база на дејствување во подготовката на комитетите, а сите села од двете страни на реката Радика биле организирани и покрстени како членови на ВМРО. На сите дејци монасите им овозможувале престој, а во манастирот бил изграден склад за оружје.
По иницијатива на игуменот на манастирот еромонахот Партениј, монасите Гаврил Карапела и Гаврил Руснак (добар техничар) со помош на Никола и кираџијата Секула направиле две топчиња. Браќата Канчески ги натовариле топчињата на коњи и заедно со Никола и Секула, во придружба на милицијата од Галичник ги пренеле преку Бистра до определеното место над с.Душегубица-Кичевско. Со тие две топчиња вечерта пред Илинден како што стои во историските списи, бил испукан првиот истрел што го означил почетокот на Илинденското востание. Во манастирот биле изработени уште три топчиња.
Маршот на коњаницата “Бигорски Манастир–Патот на Црешовото Топче“ прв пат се одржа пред Дванаесет години како иницијатива на група граѓани ентузијасти и поддржувачи на револуционерното минато. Формирано е здружение “БИГОРСКИ МАНАСТИР- ПАТОТ НА ЦРЕШОВОТО ТОПЧЕ”.
На
На Коњаницата “Бигорски Манастир–Патот на Црешовото Топче“ целото монашко братсво во Манастирот Свети Јован Бигорски, секоја година и` даваат благослов на патот кон Крушево, а со тоа и` ја даваат довербата на овој коњички марш да го носи името на ова Македонско светилиште.
За Пет дена низ планините на западна Македонија, ќе минат околу двеста километри.
Агенда на движење на Коњаницата „СВ ЈОВАН БИГОРСКИ ПАТОТ НА ЦРЕШОВОТО ТОПЧЕ“ 2021 година.
26.07.2021 Понеделник:
9,00ч. Посета на гробиштата во с. Зубовце.
11.00ч. Коњаницата пристигнува во с. Тумчевиште
13.00ч. Посета на гробиштата во Гостивар.
14.30ч. - Благослов на коњаниците во црквата „Св. Богородица“ во Гостивар
16,00ч. Од кај градскиот стадион во Гостивар коњаниците одат за Манастирот св. Јован Бигорски.

27.07.2021 вторник:
10.00 ч. Бигорски Манастир - Литургија ,Благослов и Заклетва.
11.00ч. Коњаницата по благословот во Бигорскиот манастир тргнува на пат за Јанче.
12,00ч. Пристигнување во с. Јанче, коњаницата од с.Јанче патува кон с.Галичник.
13.30ч. пристигнување во с.Галичник.
15.30ч. Коњаницата од селска ливада во Галичник тргнува за бачило Салтаница.
20.00ч. Пристигнување на коњаницата во бачило Салтаница.
28.07.2021 Среда:
07.00ч. Тргнување на коњаницата од бачило Салтаница и патува покрај бачилото Сулумуница.
11.00ч. пристигање на бачило Раштанец, по мала пауза коњаницата тргнува кон Кнежињо.
16.00ч. Пристигнување во Манастирот - Кнежино.
29.07.2021 Четврток:
08.00ч. Тргнување од Манастирот во Кнежињо кон Крушино.
10.00ч. Пристигнување во Крушино.
11.00ч. Коњаницата влегува во Кичево на раскрсница кај борова шума -Коњаницата се упатува кон црквата во Кичево..Коњаницата после благословот од црквата се упатува кон с. Врањешница.
12.00ч. Коњаницата се упатува спрема општа болница во Кичево и излага на магистрален пат за с. Србјани. Коњаницата се упатува по селскиот пат Староец.
14.30ч. коњаницата влегува во с. Врањешница во црква СВ Илија.
30.07.2021 Петок:
11.00ч. Коњаницата тргнува за пат за Цер.- По патот за сел Цер коњаницата поминува низ Турла и с.Црцко.
15.00ч. пристигнување во с Цер.
31.07.2021 Сабота:
9.00ч. Коњаницата од с.Цер по патот за Крушево поминува низ с. Пуста Река покрај С, Долно Дивјанци и покрај Арилево
14,30ч. пристигнуване на езерото во Крушево -кампот на коњаницата Бигорски Манастир патот на црешовото топче.
Коњаницата според планот треба на 2 август, на македонскиoт национален празник Илинден, да учествуваат на централната прослава во славното Крушево, каде ќе се одржи центаралната прослава посветена на големиот јубилеј.
Коњаницата СВ ЈОВАН БИГОРСКИ ПАТОТ НА ЦРЕШОВОТО ТОПЧЕ по дванаесети пат ќе учествува на прославата 10 дена КРУШЕВСКА РЕПУБЛИКА.
Нека им е лесен патот низ македонските планини до Крушево- Мечкин Камен!
Амин!
Македонска нација
|