Петок, 04 Декември 2020    Печати
Денес протести во 20 градови

2a

Се додека Заев тргува со идентитетот, историјата и јазикот ВМРО-ДПМНЕ ќе биде на улиците, протестираме во 20 градови

Протестираме затоа што Заев ќе ја менува историјата во учебниците, за договарањето на заедничка историја со источниот сосед и тргувањето со историски личности.

Протестираме затоа што договор со Бугарија има, но сеуште македонските граѓани не ја знаат цената која треба да ја платат.

blokadi04122020

Денес во Скопје ќе се постават блокади пред Владата на Република Македонија, пред Министерството за надворешни работи и пред Министерството за правда од 16:00 до 17:00 часот.

protesti04122020

Денешните надпартиски протести за оставка на Заев, слобода на народот ќе се одвиваат во дваесет градови низ Македонија и тоа: Куманово, Тетово, Крива Паланка, Македонска Каменица, Пробиштип, Свети Николе, Велес, Делчево, Кочани, Виница, Пехчево, Берово, Босилово, Неготино, Кавадарци, Кичево, Струга, Охрид, Ресен и Битола.

Ги повикуваме сите граѓани да протестираме сега и да се спротивставиме на негаторските политики на оваа власт, пред да биде предоцна!

ВМРО-ДПМНЕ