Сабота, 05 Декември 2020    Печати
Кој е луд, а кој збунет?!

2a

Кој е луд, а кој збунет!? Заев утрово кажа дека идентитетот е дел од преговорите, а владата попладнево го демантира

Владата со која раководи Зоран Заев, попладнево го демантира Зоран Заев, кој утрово кажа дека македонскиот идентитет е предмет и дел од разговорите кои тој ги води со Бугарија.

Или Заев не ја информирал владата за што преговара, или владата невешто се обидува да го вади од калта.

Ова е само уште еден доказ дека нема компас во бродот кој тоне, наречен Зоран Заев.

Јавноста легитимно си го поставува прашањето кој е луд, а кој збунет?!

Зоран Заев во своето интервју призна она кое ВМРО-ДПМНЕ го говори неколку дена наназад. Заев преговара за македонскиот идентитет, јазик и историја.

Заев откако го продаде името, сега го продава и идентитетот.

ВМРО-ДПМНЕ