Петок, 26 Март 2021    Печати
Вчера во Албанија пристигнаа околу 200 илјади дози, во Босна и Херцеговина 50 илјади, во Македонија нула дози

1591207795 0 59 3072 1787 1920x0 80 0 0 f94e05d03f9345f87348dcadd180b49e

Премиерот на Албанија, Еди Рама соопшти дека доби 192 илјади од кинеската вакцина „Синовак“.

За Босна и Херцеговина има 50 илјади од вакцини од Кина.
Во Македонија нула вакцини.
Ова се вести од вчера.

Во меѓувреме, во Србија масовно се вакцинираат македонски граѓани од новинари, полицајци, за викденов одат и лекари кои се очигледно заборавени од Венко Филипче.
Во Македонија нема ништо од вакцинација, ама има по неколку десеттина починати, бројката на новоинфицирани е четирицифрена.

Премиерот Зоран Заев и ресорниот министер чекаат од небо да им паднат вакцини, за договори за набавка на вакцини ниту имаа, ниту имаат зафатени се со провозиите.

Заев и Филипче ја направија Македонија црна точка на регионалната, како и на мапата на Европа и светот.

За ова Филипче и Заев ќе одговараат!

ВМРО-ДПМНЕ