Филипче, 04.12.2020: “Веќе се обезбедени833.000 ваквини против Ковид-19 за 400.000 граѓани преку Ковакс механизмот на СЗО, Глобалната алијанса за имунизација. Ќе ги добиваме вакцините согласно планот за дистрибуција кој Ковакс ќе го одреди и многу скоро очекуваме конкретна информација од нив“.
Филипче, 04.12.2020: „ Дојде потврда од една Американска фондација за потребните фрижидери на минус 70 степени и тие ќе стигнат на почетокот на јануари и ќе бидат дел од овој систем на чување и дистрибуција на вакцините во државата“, вели Филипче.
Филипче, 04.12.2020: „Дополнителна количина ќе можеме директно да набавиме од Астра Зенека и од Фајзер. Добивме понуда и од Полска и од Грција, кои грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис му ги понудил на премиерот Зоран Заев и од нив се обезбедени дополнителни околу 800 илјади вакцини“
Филипче, 03.02.2021: Министерот за здравство Венко Филипче денеска изјави дека вакцинацијата против ковид-19 ќе започне месецов (февруари) со 200.000 дози кинески вакцини, за кои транспортот ќе го организира Министерството за здравство. “„На дневно ниво, од вакцината на Синофарм и со работа на пунктовите во полн капацитет очекувам да вакцинираме од 2000 до 2500 граѓани. За секој граѓанин кој ќе ја прими првата доза, веднаш ќе биде резервирана и втората што треба да ја прими по 21 ден, што значи дека од првата пратка имаме две дози за вакцина и ревакцина за 100.000 лица.“
Филипче, 25.02.2021: Од вчера е започната постапката за набавка на 100.000 дози од руската вакцина
Филипчe, 01.03.2021: Денови се во прашање кога ќе стигнат вакцините – уверуваат премиерот Зоран Заев и министерот за здравство, Венко Филипче. Одново се преговара со кинеските власти, а се размислува и за руската „Спутник“ (DW).
На 24. март 2021 година Макеонија е единствена држава во Европа која се уште нема купено ниту една вакцина.
Иако по трети-четврти пат беше најавено дека вакцините од Фајзер ќе стасаат до крајот на март, дознаваме дека тоа нема да се случи и дека допрва во тек се преговори за испорака, но не и датум на испораката што го потврди и министерот за здравство Венко Филипче.
Министерот за здравство д-р Венко Филипче, во гостување во вестите на Телма, говореше за новата регулатива на ЕК која денеска ја објави претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен, со што ќе профункционира солидарниот фонд на Унијата, од каде вакцини терба да добие и нашата земја.
Оваа нова регулатива опфаќа две промени во постоечкиот механизам.
Прават промена значи реципроцитет, односно ќе се следи дали државата која ги произведува вакцините, го ограничува сопствениот извоз на вакцини или нивни суровини.
Втората измена во посточекиот механизам се однсеува на пропорционалност, што значи дека ЕУ се залага за пропорционална распределба на вакцините, а тоа ќе се утврдува според тоа дали условите што преовладуваат во земјата се подобри или полоши од оние на ЕУ, особено епидемиолошката состојба, стапката на вакцинација и пристапот до вакцините.
„Овие информации се однесуваат исклучиво на механизмот на солидарност односно на вакцините коишто доаѓаат од земјите членки на ЕУ.
Ние и на тој механизам, интензивно работиме во изминатиот период. За тоа е веќе потврден грантот, некои детали уште се разработуваат и секако некои детали во однос на одговорностите што се однесуваат на трилатералните договори.
Тоа значи дека тој механизам на солидарност на ЕУ дефинитивно ќе профункционира после сите оние надминувања на тие проблематични елементи, затоа што компаниите не испорачаа доволно дози кон земјите членки на ЕУ.
Ова не се однесува никако на нашите билатерални директни разговори со фармацевстките компании, вклучувајќи ги и европските производители.
Конкретно со Астра Зенека ние веќе имаме потпишано договор преку Ковакс механизмот, меѓутоа еве ги чекаме и финалните информации од компанијата Фајзер, а се однесува на одговорноста на несаканите ефекти, односно кој ќе ја преземе, како и на кој начин и јас верувам дека овие денови тоа прашање ќе се расчисти“, рече Филипче.
Пановски: Во Македонија има пет пати поголема смртност од корона од просекот во светот