Петок, 11 Март 2022    Печати
СДС е криминална партија

1VMRO

СДС е криминална партија која нема расчистено со криминалот на Заев, во ВМРО е нова генерација на политичари чиј императив е владеењето на правото

СДС со злоупотреба на јавното обвинителство и судовите тероризира луѓе, за преку притисоци и изнуди да малтретира, обвинува, ослободува и става луѓе под кривичен прогон.

СДС е партија која не чело имаше претседател, аболициран криминалец. Зоран Заев е претседателот на СДС кој го промовираше Димитар Ковачевски во претседател, Зоран Заев е споменуван во рекетирање и криминал, каков може да биде неговиот избраник?

СДС е криминална партија која се уште нема расчистено со криминалот на Заеви.

Во ВМРО-ДПМНЕ е нова генерација на политичари, кои имаат цел и визија од Македонија да направат држава каде владеењето на правото е императив, каде нема привилегирани и каде секој ќе одговара за криминалот кој го сторил, без разлика дали тој се вика Зоран Заев или Димитар Ковачевски.