Недела, 05 Јуни 2022    Печати
Претседателот Мицкоски ги брани позициите на Македонија и во ЕПП и во средбите со бугарските претставници, проблемите се создадени од СДСМ

1011

Реакција на прес конференцијата на Богданка Кузеска 

Претседателот Мицкоски ги брани позициите на Македонија и во ЕПП и во средбите со бугарските претставници, проблемите се создадени од СДСМ.

Претседателот Мицкоски пред целиот Конгрес на ЕПП кажа дека Македонија се соочува со агресија од Бугарија.

Претседателот Мицкоски од бугарското МНР побара тргање на ветото за почеток на преговорите.

За разлика од претседателот Мицкоски. СДСМ и Ковачевски молчат. Им требаа денови да го осудат отворањето на бугарскиот клуб со име Ванчо Михајлов. А, нивниот ментор Заев го создаде проблемот со Бугарија кога кажа дека македонскиот и бугарскиот народ се ист народ, и дека зборуваат ист јазик. Заев ги уништи Македонските позиции и ја изнегира нацијата.

Заради СДСМ сега Македонија е оспорувана.

СДСМ беше на линија со најголемите шовинистички идеи во Бугарија. Тоа ги отвори апетитите во Софија.

СДСМ треба да знае, без разлика колку и да се виткаат тие. ВМРО-ДПМНЕ нема са прифати договор кој е на штета на македонските позиции.

Доволно е од понижувања. Премногу е. Затоа протест за промени на 18 јуни во 20 часот пред влада.