Сабота, 30 Јули 2022    Печати
Селска слава - Света Огнена Марија – Марена,село Зубовце

1zub02

Селска слава - Света Огнена Марија – Марена,село Зубовце.

На 30 јули во подножјето на Шарпланина секоја година чиниш ќе се собере сиот македонски народ,во Зубовце,а таму Зубовце и зубвчани пречекуваат гости кои доаѓаат од секаде.

Гости кои срдечно и гостопримливо се пречекани од зубовчани во нивните домови, но и гости кои се пречекуваат во една од трите цркви,црквата Св. Марена,на денот кога во село Зубовце е селската слава во чест на Света Огнена Марија-Марена

Зубовчани и оваа година ја продолжуваат и негуваат традицијата оставена со векови од нивните предци.

Зубовце е полно со народ, во Зубовце доаѓа многу народ. Во Св.Марија се палат свеќи денес со искрена и чиста мисла.

Во воздухот се шири вибрацијата на традиционалната македонска народна,фолкклорна музика, таму денес диши фолклорот на македонија.

Нека е честит празникот,и нека вечно духовно живее и се памети овој убав ден, денот во чест на Света Огнена Марија-Марена.