Петок, 05 Август 2022    Печати
Џафери: Промените во земјата започнаа и тие ќе се заокружат во Маврово Ростуше

1dzaferi121

Мевмед Џафери, кандидат за градоначалник на општина Маврово Ростуше

Драги пријатели,

Во политиката влегувам со искрена желба да ги промениме работите. Целиот живот го посветив на медицината и како доктор најдобро што умеам е да помагам на луѓето. Време е тоа да го направиме и во политиката и само заедно, со цврста волја и работа можеме да ги промениме работите, а на Маврово Ростуше му треба будење, му требаат промени и домаќинско работење.

Како ваш пријател, сосед, ваш сограѓанин ви ветувам дека ќе бидам вашиот глас во општината и заеднички ќе ги решаваме проблемите.

Промените во земјата започнаа и тие ќе се заокружат во Маврово Ростуше, за промени, проекти, за победи и само така ќе создадеме нова иднина. Домаќински и одговорно.

Да ги промениме работите кои донесоа стагнација, да ја ослободиме општината од приватните и лични интереси, да не биде повеќе извор за богатење и злоупотребa на поединци, туку место каде ќе создаваме иднина за секој еден човек во нашата општина.

Ви ветувам беспоштедна работа и промени. Јас сум Мевмед Џафери, вашиот избор за градоначалник на нашето Маврово Ростуше.

Да создадеме нова иднина!