Недела, 01 Јануари 2023    Печати
Ја дочекавме Новата 2023 година со љубов и верба во Бога

1nueres

Радоста е иста во целиот свет, но Македонија се разликува по својата традиција со која ја пречекува Новата Година. Првиот ден на Новата Година во 12.01 минута  се породи пацинетка и донесе на свет живо и здраво мако детенце, тешко 3.720 грама со 51 сантиметар што значи оваа година ќе биде бунтовна. Мајката е од Кочании, 

Македонецот знае да прослави, да посака среќа од срце, да угости и удостои гостин, да се израдува со наивна искрена радост, а музика да се чуе се до небото. Оваа  Нова 2023 година ја дочекавме будни, но и со многу голема верба дека ќе донесе многу благодети и остварување на успеси кои ќе допрат до секој од нас. Го имаше тоа чувство во воздухот.

Желбата на огромен број граѓани во Македонија е, оваа 2023 година да ни биде поплодна, да се одржат предвремени Парламентарни избори, за да Македонија оди напрад.

И Господ ја прослави Новата Година со Македонија. Како да се отвори Универзумот и среќата ја опседна нашата земја. Библискиот завет ја донесе во сечија душа вербата во Бога.

Се прославува со Македонско црвено вино и други пијалаци, а на трпезата свечени македонски закуски и јадења. Песната и македонските ноти се насекаде, а пеат сите со здравица и желба упатена до ближен, до пријател.

Угостителските објекти, рестораните, кафулињата, дискотеките беа полни со славеници. Весело беше и на Градските плоштади. Инаку, „најлудата“ ноќ низ Македонија мина без поголеми инциденти.

Македонците се дадени од Бога за да сакаат и да даваат, ние сме доброчуден народ и гостопримлив, ние сме стоици и чесни луѓе и тоа така треба да биде низ милениумите, да го сочуваме достоинството создавано низ историјата, и да го исполниме долгот на Македонскиот дух и код, за кој сме дадени.

Да се промовираат решенија, економска стабилност и повеќе инвестиции, што на овие луѓе кои ја сакаат својата земја и сакаат да останат тука во оваа Македонија, да им заблеска насмевката на лицето и задоволството од пристоен живот.

Македонците кои се надвор од границите на Македонија да бидат горди, да си дојдат дома и да најдат можност да останат во својата земја, татковина на сите нас, во библиска Македонија.

Во македонската јавност да престане да се внесува конфузија што нè закопува во место, додека покрај нас поминуваат балкански возови кон Европа. Во Македонија да продолжат реформите кон ЕУ.

Ја прославивме Новата 2023 година со љубов и верба во Бога, да го прославиме Божиќ и да го чествуваме Господ на автентичен Македонски начин.

Браќа и сестри, каде и да сте,СРЕЌНА НОВА 2023  ГОДИНА И ВЕСЕЛИ  БОЖИЌНИ ПРАЗНИЦИ!

Манојил (Мане) Јаковлески