Сабота, 15 Април 2023    Печати
Тежок срам е што на меѓудржавна средба со шпанскиот колега Бујар Османи го користи албанскиот јазик

vmro4

На која држава Бујар Османи е министер за Надворешни и од каде зема пари?

ВМРО-ДПМНЕ:Бујар Османи во својство на МНР на Македонија на официјална средба со министерот за надворешни работи на Шпанија Хозе Мануел Албарез единствено говори на течен албански јазик иако е платен да ја преставува Република Македонија.

На прес конференцијата јасно се гледа дека единствено го употребува албанскиот јазик, иако е јасно кој службен јазик за меѓународна употреба.

Ова е и кршење на рамнловниот договор и Уставот на државата.

Бујар Османи да каже на која држава е министер за надворешни работи и од каде зема плата?

Дали на ова премиерот Ковачевски ќе реагира или ќе го осуди?

Бараме Бујар Османи јавно да се извини за овој блам.

Очекуваме и реакција од владата.