Недела, 05 Јануари 2025    Печати
Тоа што СДС за 7 години не им успеа, ВМРО-ДПМНЕ го средува за 6 месеци

467479481 990342473111848 7939712487883254862 n

Љупчо Николовски и Благој Бочварски лицемерно честитаа за пуштањето на патот Страцин - Паланка.

467489314 1743206523189944 1869193625856224495 n

Господата од СДС, изминативе седум години, не успеаа да го завршат експресниот пат Страцин-Паланка, па мораше ВМРО-ДПМНЕ експресно за само 6 месеци да го пушти во употреба.

Доколку Николовски и Бочварски, се занимаваа повеќе за проектите, наместо за давање тендери на фирми блиски до Заев, патот досега веќе ќе беше готов.

Знаеме дека минатата власт на СДС и ДУИ, дека освен тендерчиња и партиски вработувања, немаа ниту еден проект од областа на инфраструктурата.

ekspresen-pat-kriva-palanka-stracin-upotreba copy

Од доаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ на власт, патот Страцин-Паланка е пуштен во употреба. Прилеп-Градско е готов, а Кичево - Охрид се работи во полна пареа.

Видлива е разликата помеѓу власта на ВМРО-ДПМНЕ и онаа на СДС и ДУИ.

Времето на матни тендери и партиски вработувања заврши, квалитетот и квантитетот сега се на виделина.

467478039 1754886388427188 1587355360278749035 n