Четврток, 28 Август 2025    Печати
На сите православни христијани им посакувам благословена и мирна Голема Богородица

Mickoski

Христијан Мицкоски: На сите православни христијани им посакувам благословена и мирна Голема Богородица, а на сите рудари – среќен и честит празник со желби за безбедна и плодна година.

Денеска го славиме големиот христијански празник Голема Богородица – ден исполнет со вера, духовна сила и заедништво.

Овој празник нè потсетува на вечните вредности на семејството, љубовта, жртвата и надежта, кои со векови го крепеле македонскиот народ.

На сите православни верници им упатувам искрени честитки со желби за здравје, радост и благосостојба во домовите.

Во истиот ден, со посебна почит им оддаваме признание и на нашите рудари, чиј труд е темел на индустрискиот развој и енергетската стабилност на државата. Вие, со вашата напорна и чесна работа, оставате трајна трага во изградбата на Македонија.

Владата останува посветена на подобрување на условите за работа, безбедноста и достоинството на секој рудар, затоа што вашата жртва и ангажман се од национално значење.

Нека овој ден ни биде потсетник дека со вера, труд и заедништво ја градиме иднината на нашата татковина.

На сите православни христијани им посакувам благословена и мирна Голема Богородица, а на сите рудари – среќен и честит празник со желби за безбедна и плодна година.