Недела, 28 Декември 2025    Печати
Среќна Нова 2026 година!

 

2

Унијата на Ветерани на ВМРО-ДПМНЕ упатува братска честитка до сите во нашата татковина Македонија, но и до нашите браќа и сестри во Пиринска, Егејска Македонија, во Мала Преспа, Гора и ширум дијаспората.

Искрени честитки и до Уставобранителите, кои неправедно се одудени и лежат по македонските затвори.

Нека новата 2026 година донесе повеќе рожби, повеќе силни и здрави семејства, повеќе правда, човечност и одговорност кај сите, од најобичниот граѓанин до оние што носат најголеми одлуки.

Во новата 2026 година посакуваме да започне вистинска и искрена борба за задржување на младите, за враќање на довербата и за создавање услови луѓето да веруваат повеќе во Македонија и да се раѓаат повеќе деца.

Унијата на ветерани на ВМРО-ДПМНЕ упатува длабока почит на семејствата, вистинските херои на нашето општество, тие што го носат најголемиот товар, но и најголемата надеж дека Македонија има светла иднина.

Силна Македонија не се гради со предавства на националните интереси, со криминал и корупција, ниту со омраза и навреди. Силна Македонија се гради со чесна борба, со искреност, со работа и со љубов кон татковината. Македонија не е само територија, Македонија е Завет, Македонија е Аманет.

Денес Македонија има посветена и одговорна влада, на чело со Христијан Мицкоски – влада со визија и волја да ја води оваа борба. Македонија има иднина, има капацитет, има знаење, има срце. Македонија има народ што знае да се исправи и да оди напред.

Нека новата 2026 година донесе здравје во секој дом. Мир во секое семејство. Надеж во секое македонско срце.

Среќна и благословена Нова 2026 година!