|
||
| Страв од граѓанска војна во Грција |
|
На новите избори Грците ќе гласаат за рестрикциите или за хаосот, а Германците ќе треба да плаќаат и во едниот и во другиот случај, пишува германското списание „Фокус“ во текст под наслов „Страв од граѓанска војна“. Во текстот се нагласува дека Грција е парализирана и таму се шри тивка паника. - Работите за Грција стануваа сериозни, а исто така и за Европа..., пишува „Фокус“. Германското списание наведува дека посетите во земјите се намалени за 50 отсто, во болниците се ограничуваат порциите и се откажуваат операции, а по улиците на Атина се почести се нападите. „Фокус“ пишува дека службениот премиер Панајотис Пикраменос не може да ги поттикне реформите, а медиумите прават сценарија за банкрот. Списанието го цитира порнешниот министер за цивилна заштита, според кој постои опасност од граѓанска војна во земјата. |