Среда, 18 Февруари 2015    Печати
Песна за војводата Крсте Алексов

Силен ми ветар завеа од Кичево и од полето.
то не беше силен ветар, тук ми беше силен аскер,
турски аскер и башибозук:
Сардисаа планините, планините долините.
ги догледа Крсте војвода -Ја станете мили браќа,
Сардисани сме од сите страни, од планини и долини.
Ми станаа комитите
си грабнаа оружјето. Ми отпочна лута борба
Аскер викат; „Алах, Алах!“, „Ура“ викаат комитите.
Паѓаат жртви неброени. Крсте војвода извика:
-Ајде браќа, мили браќа, на јуриш да куртулиме,
ставете ги ножевите, запалете ги бомбите,
сите браќа ај по мене!
Петнаесет души в обрач си пробија, во горите се најдоа,
а дванаесет паднаа.
Слово држи Крсте војвода, слово држи солзи рони
за своите загинати војводи.

krsto-aleksov