Среда, 29 Април 2015    Печати
Пораснав, се надраснав себеси

и затоа поставувам

вакво прашање

Каде е скриен

каде е спастрен

духот македонски

каде мижи, молчи, тлее

каде согорева без пепел.

Пораснав, се надраснав себеси

поголема од своите години станав

и затоа пак прашувам.

Во крпчето ли на бедата се скри

многупати диплено,прекрстувано

од Азијци,Европејци

од комшии и роднини

од мене најблиските.

Не дослушав, не разбрав

само прашања во ветар испратив.

И тогаш прашината од предците

се растрее, затрепери

како несреќата да се разбуди

од сон се отвори

мене ми се приклони.

И ете,ваква каква сум

пак прашувам.

Дали несреќата е наследна

и дали освен неа

има нешто друго

што може да не зближи.

olga-novaceva

Олга Новачева

Од мојата збирка  „Дамарите на молкот“1999г.читана на 24 април 2015г во Здружението на пензионерите во Велес,во една прекрасна вечер