Среда, 27 Мај 2015    Печати
Јас Методи Патче од Охрида

metodi-patce
Ретка фотографија од италијанска архива на Методи Патче

Јас Методи Патче од Охрида
ослободен од битолски затвор.
Па си тргнав за Охрида града,
там' не најдов ни мајка, ни татко.
Там' си најдов верната бисерка,
верната бисерка, малихерка.

Па си тргнав за Прилепа града,
за Прилепа, село Кадиново.
Там' си најдов верната дружина,
верната дружина, договорна.
Слово држи Методија Патчев:
напред браќа, борба да водиме.

Се зададе силната потера,
силната потера, кавалерија.
Поарџија сите си куршуми,
оставија само еден куршум.

Слово држи Методија Патче:
ајде браќа да се убиеме.
Навртија пушки во градите.
Прв се уби Методија Патче,
а по него целата дружина.