|

А бре грчиња, вие клети кучиња и тие со вас одродени македончиња, што мајка беше таа што ве родила и со какво млеко таа ве задоила. Дење сте мирни бубалки мили, ноќе сте клети ѓаволи гнили, село по село во оган ги ставате, село по село со крв ги облевате. Дојде време и за нашето село, алал да ви е за јунаштвото ваше што го покажавте вие со нападот на селото наше. Со пушки дојдовте, празни си појдовте, со опинци дојдовте, боси си појдовте, со капи дојдовте, гологлави си појдовте, со бечви дојдовте, со голи газови си појдовте. Срам ќе им биде на вашите жени, назад дома вас да ве примат, за да се спасат, во Сургун ќе ве пратат, дома ќе си земат други момчиња, млади ергенчиња, лични лопатичанчиња.
Томе Велјановски - Марулецот Гетеборг, Шведска |