Среда, 08 Јули 2015    Печати
Македонија катана мунди

На мегдан
еј, Mакедонци,
за Армакедон
излезете!
Од вашето – туѓо
не правете,
со доброто зло победете!
Еј, вековни паталци
очи отворете,
срце раширете..
Еј, прадедовци
аманет испраќаат:
чакрите очакрете ги,
црквите отворете ги,
одродите проколнете ги,
изродите дотолчете ги!

Еj, свето вљубени,
еј, свето примати,
еј, свето писмени,
еј, ѕвезди водилки,
еј, ти розо на водата,
жива да си,
и Сонцето без
тебе не е сонце,
Македонијо!

zaklina-mihajlova
Жаклина Михајлова